10:21 - 13 април, 2026

„Анонимуси“ тврдат дека принцезата Дaјана е убиена поради мрачни тајни на кралското семејство

Групата „Анонимуси“, којашто се врати по три години пауза, дополнително ги „загреа“ теориите на заговор што со децении кружат за фаталната несреќа во која на 31 август 1997 година настрада британската принцеза Дaјана.

На твитер-профилот на групата се објавени некои шокантни детали за смртта на принцезата Дијана, од кои сигурно и вие ќе се шокирате.

Профимедиа

Твитот на „Анонимуси“ дава силно навестување дека смртта на принцезата Дaјана била многу голем заговор на британското кралско семејство.

Хакерската група напишала дека кралското семејство морало да ги прикрие своите тајни, а за да го направат тоа, планирале да ја ликвидираат принцезата Дaјана за да ја замолчат.

Во 1996 година принцезата Дaјана се разведе од принцот Чарлс. Пред да ја прекине врската со кралското семејство, принцезата Дaјана снимила докази што ја откриваат вмешаноста на кралското семејство во кругот на трговијата со деца и случаи на силувања.

Според „Анонимуси“, принцезата Дaјана ги снимила сведочења на жртвите, кои наводно биле силувани во кралскиот двор.

И не само тоа, принцезата исто така работела на тоа да добие што повеќе сведоштва од жртвите и да создаде доволно докази за злосторствата.

Но, пред принцезата Дaјана да го направи тоа, загина во сообраќајна несреќа.

„Анонимуси“ откриваат дека тоа не било несреќа, туку убиство на принцезата Дијана, која нејзините следбеници официјално ја нарекуваа „Розата на Англија“.

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....