1.8 C
Скопје
17:16 - 23 декември, 2024

Ако сакате да го забавите стареењето, усвојте ги овие 13 нови навики!

Повеќе од кога било сега е важно да имате силен организам. Откријте што е пресудно за здравјето и зајакнувањето на имунитетот.

1. Исфрлете го шеќерот

Шеќерот е еден од главните непријатели на здравјето, но и на младоликоста, велат пластичните хирурзи и додаваат дека една студија покажала дека шеќерните пијалаци, меѓу другите фактори, се поврзани со 184.000 смртни случаи, а освен што можат да го зголемат ризикот од развој на дијабетес, а поради нив можете да изгледате постари.

2. На чинијата нека има виножито

Овошјето и зеленчукот во боја се преполни со антиоксиданти, а тие се наоѓаат токму во пигментите што им даваат боја на овие плодови. Нутриционистите веруваат дека ваквата исхрана ќе го забави стареењето.

3. Чистете ги забите со конец

Воспалителните процеси се една од водечките причини за стареење, а се поврзани со болестите на срцето и на мозокот и влијаат врз имунолошкиот систем.
Болестите на непцата се една од најчестите причини за воспаление, а може да се спречи со секојдневно користење забен конец, наведуваат стоматолозите.

4. Ослободете се од стресот

Стресот и факторите што го предизвикуваат се насекаде околу нас, иако тешко се избегнуваат, можеме да ја промениме реакцијата на него. Стресот влијае врз сите полиња во нашиот живот и се манифестира на различни начини.
Често е полесно да се покаже сочувство за проблемите на другите луѓе, заборавајќи на сопствената состојба. Важно е да не се затрупувате со негативни и со неважни мисли. Позитивната мисла и дух на прво место. Обидете се со медитација.

5. Земајте витамин Д

Недостатокот на овој витамин е поврзан со болестите поврзани со стареењето, а повеќето може да го скратат животниот век, се вели во минатогодишната студија објавена во списанието „Стареење и болести“.

6. Скокајте!

Ако во денот скокате 40 пати врз тврда површина, вашите коски ќе се зајакнат и со тоа ќе ги намалите шансите дека ќе ги повредите или ќе развиете болести поврзани со слаби коски.

7. Пешачете

Долготрајниот седечки начин на живот го зголемува ризикот од развој на многу болести што можат да го скратат животот. Лекарите сметаат дека не треба да се седи повеќе од 2 часа по ред, но добро е да одиме барем 2 минути на секои два часа.

8. Престанете да пушите

Јасно е дека никотинскиот чад има врска со развојот на одредени болести што го скратуваат животот, како што е развој на рак, болести на срцето или мозочен удар.

9. Грижете се за клетките

Како што старееме, така стареат и нашите клетки, кои се дел од нашиот генетски код. На крајот на секој хромозом се наоѓаат теломери, кои можат да се споредат со телесните штитови на ДНК.
Како што старееме, така тие го скратуваат и го означуваат крајот на хромозомот, а подолгите теломери се поврзани со намален ризик од рак, деменција, дијабетес и васкуларни заболувања. Позитивни промени ќе внесете ако вежбате, правилно јадете и го контролирате нивото на стрес.

10. Јадете само убава храна

Медитеранската исхрана е полна со витамини и минерали, така што луѓето што ја јадат, имаат подолги теломери.

11. Пет работи што мора да ги избегнувате

Тоа се заситените масти, транс-мастите, додадените шеќери, сирупите и преработената храна.

12. Проверете ја здравствената состојба

Освен редовниот систематски преглед, постојат и тестови за разни болести, па доколку сте во ризичната група, направете ги навреме за да спречите настанување или развој на проблемите.

13. Грижете се за другите

Бабите и дедовците што се грижат за внуци живеат подолго од оние што одбиваат да го сторат тоа, тврди студијата објавена во магазинот „Еволуцијата и човечкото однесување“.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....