12.8 C
Скопје
19:10 - 3 април, 2026

5 симптоми што откриваат дека глутенот не ви годи!

Покрај проблемите со варењето на храната, постојат голем број атипични симптоми кои, ако ги имате, треба да му ги укажете на вашиот лекар.

Иако чувствителноста на глутен се смета за помоден тренд, некои луѓе навистина страдаат од овој синдром, а лекарите наведуваат кои се основните симптоми.

Промени во расположението

Покрај тоа што влијае врз варењето на храната, глутенот влијае и врз психата. Се поврзува со промените во расположението, анксиозноста, депресијата и со хиперактивноста, а стручњаците тврдат дека симптомите ќе се ублажат со едноставно исфрлање на храната со глутен.

Постојан замор

Како последица на интолеранцијата на глутен, се јавува хроничен замор, па дури и пад на енергијата, особено по јадењето.

Главоболки и вртоглавица

Мигрените се исто така можна појава, што ја докажуваат снимките на мозокот кај луѓето заболени од целијакија. На нив се гледа воспаление во нервниот систем, кое најверојатно ги предизвикува неподносливите главоболки. Ова воспаление предизвикува вртоглавица, вкочанетост и боцкање во телото.

Хормонални промени

Воспалението предизвикано од неподнесување на глутен ги оптоварува надбубрежните жлезди и ја нарушува работата на ендокринолошкиот систем. Токму поради тоа се менува нивото на хормоните во телото, што може да предизвика неплодност и нередовен менструален циклус.

Чешање и осип

Кога телото се бори со глутенот што не може да го вари, тоа може да предизвика осип и чешање по целото тело, а најчесто на грбот и на горниот дел на рацете.

Ова воспаление е резултат на создавање антитела од страна на имунолошкиот систем, а промените на кожата може да потсетуваат на псоријаза.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....