-0.2 C
Скопје
18:53 - 22 декември, 2024

Само за една ноќ: Овие заводници ќе сторат сè само за да ве одведат во кревет

Некои мажи ќе сторат сè само за да ве одведат во кревет, а после тоа ќе го покажат своето вистинско лице. А, за да не наседнете на триковите од ваквите шармери, еве осум работи кои мора да ги знаете.

Да започнеме со ред:

  1. Не ви поставува многу прашања поврзани со вас.

Можеби ќе ве праша колку години имате, со што се занимавате и некое слично површно прашање, но ако сака само да ве однесе во кревет, нема премногу да ве прашува за вашиот приватен живот, бидејќи не го интересира.

  1. Не зборува многу за себе.

Ако не зборува многу околу неговиот живот и тоа може да биде знак дека сака само секс, а можеби нешто и крие – на пример дали е во врска или пак брак. Во секој случај, со партнер за кој не знаете многу не треба да одите во кревет.

  1. Избегнува запознавање со вашите пријатели.

Многу е потешко да повредите некого кога ќе ги запознаете личностите со кои е близок, но избегнувањето на вашите пријатели, тоа е знак дека со вас не планира ништо сериозно.

  1. Лошо го прифаќа вашето „не“.

Кога ќе го одбиете, тогаш на секој можен начин ќе се обидува да ве наговори да се предомислите и вашиот разговор ќе се сведе само на секс. Таков фраер дефинитивно не ве заслужува.

  1. Си оди дома веднаш после сексот.

Или ви дава до знаење дека е време да си одите дома ако сте во неговиот стан, но во секој случај не е расположен за гушкање и заедничко спиење. Ова треба да ви е јасен знак дека со вас не сака сериозна врска.

  1. Ќе се чуствувате како да не ве почитува.

Фраерите кои сакаат само секс обично сметаат дека комплиментите на сметка на изгледот е знак на почитување кон жената која сакаат да ја освојат. Е, па не е така!

  1. Отворено ви кажува дека не сака ништо со вас, освен секс.

Жените често се надеваат дека можат да ги променат фраерите, но во принцип нема ништо од тоа. Покрај тоа, ако мажот отворено ќе ви каже дека не сака врска, туку само секс, или тоа прифатете го или заборавете го.

  1. Се фали со своите сексуални постигнувања.

Ваквите фраери се најлоши, а ако не сакате да завршите во една од неговите приказни, најдобро ви е да побегнете веднаш!

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....