-1.2 C
Скопје
09:15 - 23 декември, 2024

Растение кое малкумина го користат: Целер – моќен борец против голем број сериозни заболувања

Целерот е растение кое на овие простори многу малку се користи. Кога луѓето би знаеле дека оваа не толку популарна намирница во својот состав изобилува со голем број витамини и минерали, многу почесто би ја внесувале во својот организам преку исхраната.

Имено, целерот е исклучително богат со растителни влакна, поради кои кога ова растение ќе го внесеме, се чувствуваме заситени што многу помага да спречиме прејадување, кое е една од причините за покачување на телесната тежина. Меѓу другото, целерот е преполн со многу витамини, кои го зајакнуваат имунитет, но и мускулното ткиво, а сокот од ова растение важи за моќен борец против појавата на пет сериозни заболувања. Покрај тоа, овој сок е и одличен додаток во исхраната.

Сок од целер

Сокот од целер е исклучително квалитетен и препорачлив да се пие, поради фактот што во неговиот состав се наоѓа многу мала количина шеќер и калории, а за разлика од сите други овошни и зеленчукови шејкови и сокови, веднаш делува на подобрување на нашето расположение и не дозволува да бидеме поспани, што честопати се случува кога ќе пиеме друг напиток од овошје или зеленчук.

Витамин А

Целерот е исклучително богат со витамин А, кој пак има клучна улога во зачувувањето на видот. Исто така, овој витамин ги штити очите од надворешна појава на бактерии и вируси што го иритираат окото, прават надувување на очните капаци и неконтролирано солзење. Витаминот А исто така помага во спречувањето на намалувањето на видот, појава што многумина ја поврзуваат со годините.

Го намалува ризикот од појава на рак

Целерот содржи лутеолин, а неодамна е докажано дека токму тој елемент помага во намалување на моќноста на клетките на ракот, притоа ослабнувајќи ги ѕидовите на клетките што помага при нивно побрзо уништување во процесот на лекување.

Железо и магнезиум

Целерот е исклучително богат со витамини и минерали какви што се железото, магнезиумот и натриумот, кои на сокот на целерот му даваат исклучително алкални својства. Со други зборови, јадењето на целер или пиењето на неговиот сок, може да ја неутрализира киселата средина во нашиот организам, киселините кои се создаваат во желудникот па дури и да ја намали киселоста на храната што ја јадеме. Поради ваквите својства, целерот многу помага во одржувањето на pH-рамнотежата во организмот. Консумирањето на многу кисела храна може да предизвика здравствени проблеми какви што се ослабување на коските, појава на камења во жолчката или во бубрезите и сл.
Исто така, целерот е преполн со калиум, кој има значајна улога во голем број процеси во телото, а научниците веруваат дека калиумот е трет по важност минерал за добро и нормално функционирање на организмот.

Го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2

Дијабетесот тип 2 важи за здравствен проблем на современиот свет, кој е тесно поврзан со современото и брзо темпо на живеење. Проценето е дека до 2030 година, повеќе од 400 милиони луѓе во светот ќе го имаат ова заболување.

Целерот е еден од начините за да се намали можноста за појавата на овој тип дијабетис, па токму затоа е препорачливо редовно да го има на трпезата.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....