08:11 - 12 март, 2026

Пред 30 години луѓето воделе љубов 64 пати годишно, колку често го прават тоа денес?

Ако ја погледнеме современата поп култура, филмските и телевизиските содржини, но и социјалните мрежи, би помислиле дека сексуалната активност е многу почеста отколку што навистина е. Како што се испоставува, претераната еротизација не доведе до зголемување на интимните односи.

Д-р Логан Левкоф, научник и едукатор од областа на семејството и интимните односи од Универзитетот во Њујорк, имаше краток и јасен коментар за агресивната поп-културна еротиизрана кампања во последните три децении: „Во повеќето случаи, моделот што е претставен во серии, филмови, медиуми и на социјалните мрежи не се одразува во реалноста, ниту во односите меѓу луѓето“.

Како што објасни докторот, „нормалниот број на сексуални активности“ зависи од личноста.

„Не го сакам ниту го поддржувам тој збор – нормално. Секоја личност е различна и секоја врска е различна“, објасни Левкоф, пренесува „NBC News“.

Според студијата „Сексуално однесување“ е утврдено дека просечниот човек има 54 сексуални односи годишно. Овој број е помал за 10 во споредба со 1990-тите, кога изнесувал 64 сексуални односи годишно, што значи дека бројот на односи се намалува со децениите.

„Истражувањето објавено во „Студија на социо-психолошка личност“ покажува дека паровите се среќни ако имаат секс еднаш неделно. Но, тоа не значи дека се посреќни ако водат љубов повеќепати неделно“, објасни Левкоф.

„Интимноста и блискоста се основни човечки потреби. Во емотивните врски кои траат со години, многу е важно овој аспект на сексуални односи да се одржува во живот. Она што е најважно и што паровите мора да го запомнат, не постои магичен број на сексуални односи што ќе ги направи среќни. Отвореноста на партнерите еден кон друг и разговорите за фантазиите и желбите мора да се случат порано или подоцна доколку сакаат овој аспект од врската да успее, што е еден од столбовите што ја одржува врската“, заклучува Левкоф.

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....