21:16 - 4 април, 2026

ПЕТТАТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЖЕНИ „ПРОФЕМИНА 2021“: Убавината, здравјето, негата и сè што е важно за жената!

Во средата, на 8 декември, успешно се одржа петтото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“, во организација на „Колор медиа плус“, издавачот на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“.

Во точно 10 часот, вратите на хотелот Double Tree by Hilton Skopje се отворија за посетителите на „Профемина 2021“, кои побрзаа да си го зафатат своето место и да ги проследат интересните содржини, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и на сè друго што е од исклучителна важност за жената.

Фото: Промо

Традиционално, како и секоја година, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот, поздравувајќи ги многубројните гости, неговите поддржувачи, и учесниците во шесте панел-дискусии и трите студии на случај, на кои во улога на модератори се појавија Билјана Дебарлиева, Милена Антовска Станковска, Ана Зафирова, Марјана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, а во улога на панелисти врвни експерти во областа на здравјето, убавината, бизнисот и финансиите.

Фото: Промо

За време на конференцијата, беше претставена и новата онлајн-продавница на брендот создаден од страна на магазинот „Убавина и здравје“ – shop.ubavinaizdravje.mk, каде што може да се најдат квалитетни парчиња облека, создадени од жени за жените, од U&Z Brands и бразилскиот премиум-бренд Caju Brasil.

Фото: Промо

„Профемина 2021“ се заокружи со доделување богати и корисни подароци од страна на поддржувачите на настанот и организаторот, кој и оваа година се погрижи сите посетители да заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....