7.8 C
Скопје
10:05 - 1 април, 2026

Песна, солзи и „молба за помош“: Деми Ловато со емотивен настап за првпат по две години откако безмалку ќе умреше (ВИДЕО)

Еден од најемотивните моменти на овогодинешното доделување на музичките Греми награди беше и настапот на пејачката Деми Ловато, која триумфално се врати на сцената со својата нова песна „Anyone“.

Текстот на оваа песна Деми го напишала за само четири дена пред за малку да почине од предозирање.

На сцената во Стејплес центарот, поп пејачката синоќа беше полна со емоции. Таа почна да пее, но чувствата ја совладаа, па мораше да застане и да почне од почеток.

Нејзиниот настап беше интимен, немаше никого околу неа, само уште еден маж кој свиреше на клавир.

Боже има ли некој? Ми треба некој, те молам, покажи ми кој било – пееше и плачеше пејачката, додека солзите и се слеваа на белиот фустан.

Деми ја натера публиката преку песна заедно со неа да го доживеат пеколот на зависноста и самотијата кој ја следи пејачката.

Воочи церемонијата, Ловато ја опиша песната „Anyone“ како „молба за помош“.

Фото: Принтскрин

Ова беше нејзин прв јавен настап во последните две години, откако безмалку ќе го загубеше животот.

Во меѓувреме пејачката беше на рехабилитација, а сега полека но сигурно се враќа на сцената. Се очекува Ловато да ја испее химната на Супер Боул во Мајами на 2 февруари.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....