2.8 C
Скопје
03:01 - 17 март, 2026

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ: На овие места не треба да ја чувате зимницата, ќе ви се расипе

зимница

Зимницата која сте ја подготвиле на почетокот на есента, а ќе ја консумирате во текот на зимските денови, треба да се чува правилно за да не се расипе.

Ако на едно од овие шест места ставите тегли со зимница, ризикувате многу брзо да останете без залихи кои сте ги подготвиле за зимата.

Место каде што има влага

Местото кое се смета за најдобро зимско складиште е подрумот. Се смета дека има стабилна и доволно ниска температура и дека е темно. Меѓутоа, ако има влага во подрумот, ова не е добро решение, бидејќи зимницата може да се расипе.

(ФОТО) ГИ ПРАШАВМЕ ПАЗАРЏИИТЕ: Дали вреди да се прави зимница дома?

Фрижидер

Зимицата не треба да ја чувате во фрижидер. Ова особено важи за оние производи кои содржат шеќер, како што се џемовите и слаткото. За чување во фрижидер одговара само зимница која има ограничен рок на траење или тегли со кисели краставички, салата или ајвар кои веќе сте ги отвориле.

(ФОТО) СОВРШЕНСТВО: Ирена Георгиева Атанасова нè научи да зготвиме зимница по старински рецепти, ммм…

Во близина на извор на топлина

Понекогаш се случува во недостиг на простор, некои луѓе ја стават зимнацата во висечките делови од кујната, на горните полици, што воопшто не се препорачува. Топлината во куќата се акумулира во повисоките делови од просториите, што значи дека теглите ќе се загреат, а она што го чувате од зимница во нив ќе се расипе од топлината. Доколку случајно сте ги складирале на вакви места, веднаш преместете ги на ладно и темно место.

Отворена тераса

Не се препорачува зимницата да чува на отворени тераси, бидејќи кога зимата е силна, ризикувате теглите да замрзнат и испукаат, а кога е топло може да се загреат и да се расипе содржината во неа.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....