7.8 C
Скопје
22:46 - 1 април, 2026

Нова песна на „Прл џем“ која морате да ја преслушате (ВИДЕО)

Легендите на гранџ музиката „Прл џем“, моментално активно работат на својот нов албум, кој треба да се појави во март, а како што веќе најавија, тој ќе биде промовиран со турнеја низ Северна Америка, но и ширум Европа. 

Насловен „Гигатон“, најновиот албум на „Прл џем“ официјално излегува на 27 март, а е прв по цели седум години пауза, додека вкупно единаесетти кој го издале овие музичари.

Правењето на овој албум беше долго патување. На моменти беше емоционално, мрачно и конфузно, но исто така и возбудливо и експериментално –  изјави за медиумите гитаристот Мајк Мекриди.

Сега, славниот бенд го објави и првиот сингл од албумот под име „Dance of the Clairvoyants“,  со кој го најавува веќе споменатиот албум.

Фото: Фејсбук

Иако и од порано беше соопштено дека фронтменот Еди Ведер и останатите членови на бендот го прават албумот под силно влијание на музиката на Крис Корнел, сепак магазинот „Ролинг Стоун“, пишува дека пејачот на бендот инспирација за оваа песна добил од техно музиката, па ја опишува како „најзабавната песна на „Прл џем“ која морате да ја слушнете“. 

Во продолжение слушнете го првиот сингл од престојниот албум на американскиот бенд, па оценете дали навистина се работи за нивната „најзабавна“ нумера досега: 

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....