1.8 C
Скопје
00:28 - 12 март, 2026

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Науката ни открива на која возраст може да се доживее најинтензивниот оргазам. Резултатите од едно истражувањето покажале дека жените го доживуваат најинтензивниот оргазам на 36 години. 2.600 различни жени требале да пополнат прашалник поврзан со сексуалниот живот, оргазмите, дали се чувствуваат привлечни и колку уживаат во сексот. Групата била поделена на 3 подгрупи според возраста: 23 и помлади, од 23 до 35 и 36 и постари.

Постарите жени покажале најдобри резултати кога станува збор за доживувањето оргазам со тоа што 60% од жените изјавиле дека речиси секогаш го достигнуваат врвот за време на сексот. Дури 86% од жените од повозрасната група потврдиле дека имале одличен секс во текот на последните неколку недели, во споредба со 76% од жените од средната група и само 56% од жените од најмладата група.

Како што минуваат годините, така расте и самодовербата кај жените во овој случај, бидејќи највозрасната група жени изјавиле дека се чувствуваат привлечни и дека се задоволни од изгледот. 80% од највозрасните жени се сметале себеси за секси, но само 40% од жените од средната група биле исто толку самоуверени. 70% од жените помлади од 23 години го изјавиле истото.

И покрај овие разлики, постои едно нешто што е заедничко за сите жени кои учествувале во истражувањето: Подолг секс. 30% од жените од секоја група признале дека би сакале времето поминато во кревет да не биде толку кратко.

Заклучокот од сето ова е доколку се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, тоа ќе ви ги зголеми шансите за доживување поинтензивен оргазам. Не мора да чекате да наполните 36 години за да уживате во сексот. Се што треба да направите е гласно да го побарате она што го сакате и да се чувствувате пријатно во сопствената кожа.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....