21:31 - 11 јануари, 2026

Музички времеплов: Последниот настап на Елвис Присли, кралот на рок музиката

Кралот на рок музиката, Елвис Присли генерациите го помнат по заводливата насмевка и фантастичниот звук на музиката, кој остави белег на наредните музички правци.

Повозрасните генерации со радост се присетуваат на неговите стилски креации облека, кои денес се продаваат на американските аукции како културно наследство.

elvispresleymusic.com.au/

Присли за последен пат на сцената пред 18.000 фанови се појави на 26 јуни 1977 година во Индијанаполис во Маркет сквер арената.

За шест месеци од неговиот последен концерт тој замина во легендите.

принтскрин

Американскиот новинар што ја следеше кариерата на Присли, раскажува детали за еден од неговите последни концерти во Луизијана.

„На сцената беше помалку од еден час, што беше тешко разбирливо за него“.

Постојаното внимание на медиумите околу неговата тежина и прашањата за личните „демони“ со кои тој очигледно се борел, даваат предзнак дека неговиот живот започнал да се движи во негативна насока. Неговата состојба се влошила, што е повод тројца од неговите телохранители да започнат да пишуваат книга во тоа време посветена на случувањата од неговиот живот. Со ова направиле обид за детализирање на неговата злоупотреба на дрогата.

принтскрин

– Елвис успеа да ги остави настрана своите проблеми за неговиот последен настап и се поклони во еуфоричната атмосфера. Иако секогаш прецизен, тој овој пат не стигна точно навреме. Неговиот сет траеше околу 80 минути, со неговите безвременски хитови. Концертот го заврши со изјавата: „Повторно ќе се сретнеме, Бог нека Ве благослови“ – раскажува Шерман.

Маркет сквер арената во Индијанаполис е урната во 2001 година, но има спомен за арената што ја одбележува нејзината културна историја како домаќин на последниот концерт на Елвис Присли.

По неговата смрт, претседателот Џими Картер ја сподели оваа запомнета изјава, која совршено го опфаќа она што Кралот успеа да го направи во неговата кариера: „Неговата музика и неговата личност, спојувајќи ги стиловите на белата земја, црниот ритам и блузот, трајно го сменија ликот на американската популарна култура. Тој беше симбол на луѓето низ целиот свет за виталноста, бунтовноста и добриот хумор на неговата земја“.

Ова е последниот настап на Кралот:

Слични објави

(Видео) Сека Алексиќ им одржа лекција на многу мажи: Пејачката ја фати лопата и сама го исчисти снегот пред куќата

Еспресо

Аца Лукас доживеал драма после настап, едно лице приведено: Се обидоа да ме убијат мене и мојот возач

Еспресо

„Попрво сум за врска за една ноќ отколку четврти брак“: Наташа Беквалац отворено зборуваше за љубовниот живот

Еспресо

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ го покажа новиот изглед: Лара направи естетска корекција на носот и устата

Еспресо

(Фото) Само 3.000 евра во рака: Ѓина Џиновиќ се прошета со луксузен моден додаток низ Барселона

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Пеѓа Јовановиќ: Неговата сопруга се обрати со емотивни зборови, објави досега невидени семејни фотографии

Еспресо
Се вчитува....