6.8 C
Скопје
08:12 - 1 април, 2026

Мистериозна пештера во близина на Атина: Звуците за кои нема објаснување ги полудуваат посетителите (ФОТО)

Во близина на Атина се наоѓа мистериозна пештера, која ги привлекува само оние кои сакаат паранормални работи, бидејќи звукот кој одекнува оттаму буквално ги полудува посетителите. 

Пештерата се вика Давелис  и се наоѓа на планината Пендели, каде од порано се носеле материјали за изградба на Партенон.

Името Давелис пештерата го добила по познат истоимен разбојник, кој живеел во 19 век.

Заедно со својата банда, Давелис токму оваа пештера ја користел како засолниште, а според легендата, постоел и лавиринт тунел кој водел до куќите на војвотките кои им биле љубовници.

На самиот влез од пештерата е сместена византиска црква од 12 век, а нешто подлабоко во неа се молел богот Пан, додека остатоците кои го потврдуваат тоа можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина.

На еден од ѕидовите може да се видат резби од некогашните патници, вклучувајќи и неколку англиски писатели од 19 и раниот 20 век.

Постојат записи за тоа дека грчката војска таму ги реализирала своите операции поради што пештерата била затворена за јавноста.

Мистериозната пештера се поврзувала и со нуклеарно оружје и најразлични експерименти во текот на Студената војна, како и многубројни теории на заговор.

Статусот на оваа пештера во облик на пирамида добил најразлични приказни од страна на луѓето кои дошле во планината за да ја обиколат.

Наводно виделе вода која тече од долу нагоре, суштества налик на мачки кои одат во обратен правец, а исто така и со електричните уреди се случувало нешто необично – се ислучувале и се расипувале.

Оваа пештера би можела да послужи како сценографија за некој хорор филм.

Гркот Димитриос Макридопоулос, кој паранормалното отсекогаш го фасцинирало се упатил со камера токму таму и уред кој лови необични активности по пат на радио фреквенции.

Уредите забележале необични звуци, сенки, ликови, а како што рекол тој за медиумите, уште на влезот почувствувал несекојдневна енергија, која не може да се почувствува во овој свет.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....