20:03 - 7 април, 2026

„Мерцедес“ повлекува речиси милион постари возила поради проблем со сопирачките: Се работи за модели произведени помеѓу 2004 и 2015 година

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ повлекува речиси милион постари возила во светот поради можни проблеми со сопирачките, пишуваат медиумите во светот.

Компанијата во текот на викендот соопштила дека ќе стапи во контакт со сопствениците на одредени автомобили бидејќи нивните сопирачки можеби биле погодени од корозија. Повлекувањето се однесува на вкупно 993.407 возила, од кои 70.000 се во Германија, пишува Би-би-си.

Според написите, „Мерцедес“ повлече сличен број автомобили минатата година поради безбедносен проблем со нивниот систем за итни повици. Минатиот февруари, компанијата, според новинарските анализи, повлече повеќе од милион автомобили поради дефект во поставката eCall, која ги предупредува службите за итни случаи за несреќа и ја пренесува локацијата на возилото.

Компанијата соопшти дека возилата во ова повлекување биле произведени помеѓу 2004 и 2015 година и припаѓаат на сериите ML и GL на теренци и луксузни мини комбиња од класата R.

„Утврдивме дека кај некои од овие возила сопирачките може да бидат зафатени од корозија во пределот на куќиштето. Постои можност, особено силен маневар на сопирање да предизвика механички оштетувања на засилувачот на сопирачките“, соопштија од „Мерцедес“ пренесуваат медиумите во регионот.

„Во тој случај не би било можно да се забави возилото, што би го зголемило ризикот од судир или повреда“, појасниле од таму.

Од „Мерцедес“ соопштиле дека веднаш ќе почнат со повлекување на возилата и дека процесот ќе вклучува проверка на потенцијално неисправните автомобили и замена на делови, пишуваат медиумите.

Слични објави

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.
Се вчитува....