8.8 C
Скопје
20:22 - 12 март, 2026

КОЈА Е ТАЈНАТА ЗАД ОВАА СЕНЗАЦИЈА: Што се „Pop It“ играчките и зошто се толку популарни?

поп ит

Се чини дека играчките „Pop It“, кои се сензација на „ТикТок“ се насекаде во последно време. Иако за повеќето на прв поглед оваа играчка нема премногу смисла, силиконската подлога со испакнатини всушност е замислена како стратешка друштвена игра која експертите ја препорачуваат за подобрување на концентрацијата.

Една од најпосакуваните и најпопуларните играчки меѓу децата ширум светот во последната година е секако „Pop It Fidget“ – силиконска играчка со испакнатини што личат на меурчиња и која доаѓа во безброј шарени комбинации и форми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by crisfesteira (@crisfesteira)

Иако играчката за првпат е произведена во 2013 година, таа во тоа време не доживеа значителен успех. Во 2019 година, беше претставена со сегашното име, и благодарение на фактот што се појави во виралното видео на „Тикток“, на кое се гледа како мајмун си игра со својата копија од „Pop It“, стана толку популарна играчка што може да се најде на полиците на продавниците за играчки низ целиот свет.

Според „New York Times“, децата ја засакале оваа играчка особено за време на пандемијата и додека учеле од дома, благодарение на смирувачкиот ефект од притискањето на меурчињата.

Експертите велат дека примерите на оваа играчка може да им помогнат на децата да се концентрираат, а исто така може да делува и како антистрес играчка. Тоа е затоа што малите движења што ги вклучува самата играчка овозможуваат умот да биде смирен и концентриран.

Правила на игра:

Наменета е за двајца и започнува со играње камен-ножици-хартија. Победникот започнува прв со притискање на онолку меурчиња на површината колку што сака, но само во еден ред или колона. Другиот го прави истото – притиска онолку меурчиња колку што сака во еден ред или колона. Така играат наизменично, додека не остане само едно меурче. Оној на кого ќе му остане да го притисне последното меурче, губи.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....