1.8 C
Скопје
01:14 - 24 декември, 2024

Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Две пријателки направија „бум“ со нивните оригинални, домашно произведени мармалади и слатка со чудесни вкусови и со сушените охридски домати во маслиново масло, ама и со белата маса на која уживаат гостите, ем во специјалитетите, ем во неверојатниот поглед на Охридското Езеро.

Охриѓанките Маја и Душица се пријателки со исти пасии и заеднички бизнис. Од деца се знаат, пораснале речиси во исто маало, учеле во исто основно училиште, а потоа, секоја си тргнала по својот пат сè до пред неколку години кога повторно се сретнaле на една од охридските плажи. И тогаш, во еден здив старите пријателки си изнараскажале сè што пропуштиле една за друга. Едната живеела и работела во Скопје, другата привремено престојувала во Охрид.


Го обновиле пријателството, а нивната следна средба била пресудна – одлучиле да почнат да работат заедно, а што, сè уште не знаеле. Набрзо го создале „Трек ми“ (Trekk me) и како пасионирани рекреативки и љубителки на планина, спонтано се родила идејата за бизнис – пешачки рекреативни тури во рамките на националниот парк Галичица. Отпечатиле флаери и првите гости им дошле од Шведска, следувале и првите заработени пари, момент кој, велат, никогаш нема да го заборават. Па, нови тури со странски туристи… но, започнала коронакризата поради која значително се намалил бројот на гости од странство, а со тоа и интензитетот на работа на Маја и Душица. Ама тука не завршува нивната деловна приказна. И двете се пронашле во мајсториите во кујна и домашното производство.

Вашето производство на мармалади, подоцна и сушени охридски домати, за кратко време стана познато. Што сè произведувате и во што е тајната на успешните рецепти?

– Малку по малку, со навистина челична волја, огромна љубов и голем труд, станавме препознатливи со нашите оригинални производи. Моменталниот асортиман е прилично широк. Произведуваме мармалад од портокал, лимон, портокал и црвен цитрон, кандирана кора од портокал и цитрон, слатко од кора од портокал, слатко од кора од цитрон, и сезонски – сушени охридски домати во маслиново масло. А, тајната на успешните рецепти, доколку ја откриеме, повеќе нема да биде тајна. Се разбира, клучни се љубовта и максималната посветеноста на работата.

Што претставува „Тавола бјанка“ (бела маса), каде се наоѓа и што нуди, дали идејата е да прерасне во ресторан?

– „Тавола бјанка“ претставува уникатен, иновативен концепт кој подразбира уживање во приватен амбиент „на отворено“, со дегустација на домашно подготвена храна, микс на македонска и италијанска кујна, и вино. „Белата Маса“ се наоѓа во дворот на нашата куќа стара околу 70-на години со фасцинантен поглед кон црквата „Св. Богородица Перивлепта“ и Охридско Езеро.
Засега, идејата е да го задржиме овој концепт, една маса и ограничен број на гости.

Што задолжително мора да дегустираме во „Тавола Бјанка“?

– Со оглед на тоа дека однапред се договараат менијата, гостите точно знаат кои сè јадења ќе ги дегустираат, почнувајќи од домашна фокача, даски со италијанска пршута и три видови сирење во комбинација со нашите цитрусни мармалади, модар домат подготвен според оригинален рецепт од Сардинија, црвен домат „ал форно“ (од фурна, н.з), паста равиоли со путер и жалфија и секако десерт.

Тешко ли е да се биде жена менаџерка во машкиот бизнис-свет?

– Бизнис-светот полека добива нова димензија, сè повеќе жени, и тоа како, успешно водат сопствени мали и големи бизниси. Имајќи предвид дека моментално ние две сме и производители и менаџерки, со сè она што подразбираат и двата поима, ни би рекле дека е тешко, меѓутоа на моменти напорно и предизвикувачки.

Кои се вашите следни идеи и планови, можеби веќе уште за ова лето?

– Имаме многу идеи и планови, долгорочно, кои се однесуваат на зголемување на капацитетот на производството и секако неминовното проширување на тимот поради сè поголемата побарувачка на нашите производи.

 

Слични објави

Позната српска пејачка реши да преработи песни на Марина Туцаковиќ: Фута конечно откри што мисли за тоа

Еспресо

Позната состојбата на Милиќ Вукашиновиќ: На рокерот му беше ампутирана ногата, еве каде е сега и како се чувствува

Еспресо

(Фото) „Без филтери“: Јована Јеремиќ сподели необработена фотографија и покажа како навистина изгледа

Еспресо

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Еспресо

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо
Се вчитува....