9.8 C
Скопје
10:35 - 19 март, 2024

Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од мРНА вакцините почесто од очекуваното

Агенцијата соопштила дека сè уште го испитува потенцијалниот ризик и дека сè уште не дошла до конечен заклучок за причинско-последичната врска помеѓу вакцината и миокардитисот и перикардитисот.

Поголем број млади мажи отколку што се очекувало имале воспаленија на срцевиот мускул по примањето на втората доза на мРНА вакцината против ковид-19 од „Фајзер/ БионТех“ и „Модерна“, покажаа минатиот четврток податоците од два система кои ја следат безбедноста на вакцините.
Како што објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), оваа агенција и другите здравствени регулатори го истражуваат прашањето околу појавата на воспалението на срцевиот мускул, откако израелското Министерство за здравство објави дека открило можна поврзаност помеѓу оваа медицинска состојба кај помладите мажи и вакцинирањето со вакцината „Фајзер“ против ковид-19.

Агенцијата соопштила дека сè уште го истражуваат можниот ризик и дека сè уште не дошла до конечниот заклучок за причинско-последичната врска помеѓу вакцината и појавата на миокардитис и перикардитис.

Додека на некои пациенти им требала хоспитализација, повеќето закрепнале целосно, нагласил ЦДЦ.

Повеќе од половина случаи на миокардитис и перикардитис во американскиот систем за следење на нуспојавите од вакцините, откако пациентите ја примиле втората доза на „Фајзер/БионТех“ или „Модерна“, се случиле кај лицата на возраст меѓу 12 и 24 години, велат од ЦДЦ.
Во таа возрасна група администрирани се помалку од 9 отсто од вакцините.

„Тука навистина постои нерамнотежа“, рекол д-р Том Шимабукуро, заменик директор на Центарот за безбедност на имунизација при ЦДЦ, во презентацијата пред советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови на состанокот во четвртокот.

Повеќето случаи се случиле во рок од една недела по вакцинирањето, додал Шимабукуро.
Пријавени се 283 случаи на воспаление на срцевиот мускул по втората доза на вакцината кај лицата на возраст меѓу 16 и 24 години, додека биле очекувани меѓу 10 и 102 случаи во оваа возрасна група, вели ЦДЦ.

Шимабукуро нагласил дека системот ВСД, уште еден којшто ја следи безбедноста на вакцините, утврдил зголемена инциденца на миокардитис кај возрасната група помеѓу 16 и 39 години по втората доза на вакцината, во споредба со процентот забележан по првата доза.
Израелското Министерство за здравство претходно соопшти дека пронашло можна поврзаност помеѓу вакцината и малиот број случаи на миокардитис кај помладите мажи кои ја примиле вакцината „Фајзер“.

ЦДЦ соопшти дека во текот на оваа недела ќе одржи состанок на Советодавниот одбор за имунизација за дополнително анализирање на доказите и за проценка на ризикот од миокардитисот по вакцинирањето со вакцините мРНА против ковид-19.
Од „Фајзер“ соопштија дека ја поддржуваат анализата на ЦДЦ, но и нагласија дека бројот на случаи е мошне мал, со оглед на тоа колку дози на вакцината се употребени.

Околу 130 милиони луѓе во САД ги примија двете дози на една од мРНА вакцините.
„Модерна“ објави дека не утврдиле поврзаност помеѓу таа срцева состојба и нивната вакцина, но дека активно работат со претставниците на јавното здравство и со регулаторите на понатамошна анализа на ова прашање.

Слични објави

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо
Се вчитува....