15:56 - 21 јули, 2026

Прва помош кај напад на жолчка

Нападот на жолчка може да биде многу драматичен, се појавуваат болки во горниот десен дел на стомакот, со придружни симптоми на повраќање и мачнина. Првата помош при напади на жолчката се состои во престанување на внесување храна, смирување на болката, внесување доволно течности и мирување. Кај посилните напади, кога лицето не е во состојба да се движи, потребно е да повикате брза помош или да го пренесете пациентот во најблиската здравствена установа каде што ќе му биде пружена лекарска помош.

Симптомите на камења во жолчката може да бидат добро прикриени и мошне тешко се откриваат. Често се случува личноста воопшто да не знае дека има камења во жолчката, бидејќи може да помине долго време пред да се појават првите симптоми. Исто така, многу пациенти го откриваат присуството на камењата случајно – при ултразвук на абдоменот. Понекогаш жолчниот камен е толку мал што незабележливо се исфрлува од телото, иако може да достигне дијаметар од 2,5 см и да направи големи проблеми. Додека камењата во жолчката мируваат, болниот нема симптоми, меѓутоа, кога ќе почнат да се движат и ќе заглават во жолчниот канал, предизвикуваат многу силни болки под десното ребро, кои се шират во грбот, рамото и десната лопатка, понекогаш се шират кон и во градниот кош, што предизвикува страв од срцев удар. Често се појавува гадење со повраќање при што по исфрлувањето на содржината од желудникот не доаѓа до олеснување. Ако движењето на каменот е поврзано со воспаление на жолчното ќесе, може да дојде до зголемување на телесната температура и треска.

Се случува каменот во жолчката целосно да го затвори жолчниот канал и на тој начин да спречи одлевање на жолчката во цревата и да предизвика појава на жолтица. Симптомите на нападот траат од неколку минути до неколку часа, па дури и до неколку дена и тогаш пациентот мора да се јави кај лекар. Императив во такви случаи е промена на начинот во исхраната.

Во случај на такви проблеми, треба да се пијат благи чаеви, најдобро од нане, и тоа млаки. Подоцна, треба да се внимава на исхраната, а тоа значи да се консумира двопек, бисквити, варен ориз и варен компир, посни супи. Покрај сето ова, се препорачува и мирување. Ако силните проблеми се појават одеднаш и не престануваат за неколку часа, задолжително треба да се посети лекар.

Слични објави

Не сум дебела, бебето е големо — бремената Едита Арадиновиќ го покажа трудничкиот стомак

Е.А.

Ружица од „Ареа“ иронично за загадената вода во Гостивар: „Браво, топ тема сме, вакво решение не би ми дошло ни на сон“

apostolova

„Јадам бурек, па плачам три дена“: Теа Таировиќ откри дека мисли дека е „дебела“

Еспресо

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Еспресо

„Поставив апсолутен рекорд – нула продадени билети“: Данијела Мартиновиќ доживеала ситуација која никогаш нема да ја заборави

Т.Ц.

Љупка Митрова пред полиграф откри за што била казнета: Љубител сум на брзо возење, а со „порше“ се вози брзо

Еспресо
Се вчитува....