23:27 - 29 април, 2024

Секс или еротска масажа, што е подобро? Приредете му незаборавно искуство на вашиот партнер

Целта на обичната масажа е опуштање на мускулите, делување на некој одреден нерв и остранување на болката и напнатоста. Движењата се комбинирани. Се почнува со лесни и долги движења кои ги загреваат мускулите, а потoа следи малку погрубо триење…

Еротската масажа е нешто сосема друго и за неа не може да се рече дека е обична. Всушност, толку е посебна што некои ја сметаат и за подобра од сексот.
Таа значително се разликува од обичната масажа. За разлика од обичната, еротската масажа не опушта, туку напротив создава сексуална напнатост и возбудување. Еротската масажа делува на посебно осетливите зони на телото, односно на ерогените зони.
За разлика од обичната, ваквата масажа има мошне возбудлива завршница – оргазам. После тоа секако ќе бидете релаксирани и опуштени.

Еротската масажа може да биде најдобар подарок за вашиот партнер. Ако му пружите незаборавно доживување, тоа ќе му остане многу подолго во сеќавањето отколку ако му подарите некој бескорисен предмет како гест на вашето внимание.

Секоја масажа, а особено онаа со експлозивен крај, треба да биде опуштачка и удобна, а тоа значи дека треба да создадете такви услови во просторијата за масирање.

Затоплете ја собата – ќе бидете без облека, а не е пријатно да ви биде ладно.

Намалете ги светлата – запалете ламби или свеќи за да направите смирувачка атмосфера.

Пуштете некоја музика што ве опушта.

Затоплете ги рацете, тргнете го накитот.

Подгответе масло за масажа за рацете полесно да ви се лизгаат по телото. Избегнувајте лосиони за тело, бидејќи тие брзо се впиваат.

Исклучете ги мобилните телефони, кажете им на соседите дека сте отишле на викенд и избегнете ги сите можни начини на прекинување.

Што можете да очекувате во салони за еротска масажа?

Оваа масажа е многу поинтимна од обичната бидејќи масерот или масерката ги допираат вашите ерогени зони и гениталиите. Ако можете да се опуштите кога по најинтимните делови ве допира сосема непозната личност ќе уживате и масажата ќе даде резултати во вид на оргазам. Секако ова важи само ако сте доволно опуштени, бидејќи ако сте во грч, целото искуство ќе биде фијаско.

Дали еротската масажа е подобра од секс?

Искуствата се различни. Веројатно никогаш масажата нема да ви биде подобра од сексот доколку само вие го масирате партнерот, а никогаш не сте оној кого го масираат. Од друга страна, ова еротско искуство може да биде и повозбудливо од секс и да ве однесе до врвот без да размислувате за тоа дали нешто во вашиот сексуален однос му годи или не му годи на партнерот. Доволно е само да им се препуштите на рацете на вашиот масер.
Со оглед на исходот кој е ист како во сексот, а самиот третман значително „посебичен“ и фокусиран само на една личност, јасно е зошто ова е навистина одлично искуство кое мора да го пробате.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....