11:52 - 8 април, 2026

ГРЕШКИ КОИ МАЖИТЕ ГИ ПРАВАТ ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС: Поради ова се зборува дека сте „лоши во кревет“

Често референца за сексуалниот однос се порнографските филмови и затоа не е чудно што некои мажи имитираат фрази и движења од таквата „кинематографија“, а токму тоа знае да предизвика голема непријатност кај жените.

Забрзана работа на колковите

Ако мажот работи екстремно брзо со колковите за време на сексот, тој веројатно нема големо искуство во спалната соба, тврди Клер Кавана, коавторка на книгата „‘Moregasm: Babeland’s Guide to Mind-Blowing Sex“, пренесува „Zadovoljna.hr“.

Можеби и се брза бидејќи се плаши дека прерано ќе ја изгуби ерекцијата или ќе доживее оргазам. Дефинитивно се препорачува полесен ритам кој ќе ѝ предизвика повеќе задоволство на жената, додава овој сексолог.

ДАЛИ ВАГИНАТА СЕ ПРОШИРУВА ОД МНОГУ СЕКС? Гинеколог ја решава дилемата

Избегнување на клиторисот

Иако клиторисот често се нарекува магично копче, некои мажи го избегнуваат за време на сексуалниот однос. Дајте му на вашиот партнер краток водич за клиторисот или откријте му кои допири најмногу ви одговараат. На мажот треба да му се покаже вратата ако го избегнува бидејќи очигледно не го интересира женското задоволство во спалната соба, предупредува Клер Кавана.

Фалење со големината на пенисот

Либедото на жената ќе се намали од партнерот кој за време на сексуалниот однос изјавува дека има огромен пенис и очекува тоа да биде потврдено. Овој тип на маж е арогантен или го компензира недостатокот на самодоверба предизвикан од големината на неговиот полов орган. Доколку сепак сте заинтересирани за него, најдобро е да го смирите и да признаете дека неговата големина е совршена за вас, а потоа сериозно да разговарате со него, советува сексологот.

ЛУЃЕТО СЕ СРАМАТ ДА ЗБОРУВААТ ЗА СЕКС: Зошто е важно да се разбие стигмата?

Инсистирање на оргазам

Некои жени не можат да постигнат оргазам секогаш кога имаат секс. Иако оваа цел вреди да се постигне, погрешно е да ја притискате вашата партнерка, а особено лошо е доколку гласно ја прашате зошто сè уште не оргазмиарала.

На многу жени им е потребна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Доколку вообичаените техники не ги донесат посакуваните резултати, можете по претходен договор да вклучите вибратор или слична играчка во спалната соба, предлага авторот.

Постигнување по мобилниот секунди по кулминацијата

Некогаш жените се жалеа на мажите кои заспиваат во кревет веднаш по достигнувањето на кулминацијата, но во денешно време има сѐ повеќе луѓе кои посегнуваат по мобилните телефони после секс за да проверат што има ново на социјалните мрежи.

Најдобро би било да ги исфрлите мобилните телефони од спалната соба и на тој начин да спречите вакви ситуации кои можат да ги повредат чувствата на жените. Посегнувањето по телефонот е прифатливо само во итни случаи, заклучува д-р Кавана.

КАКО ДО ЗАЕДНИЧКИ ОРГАЗАМ? Одговорено!

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....