22:06 - 11 април, 2026

ГО ПОВТОРУВАЛ ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ: Денес на 15 години веќе има дипломи од два факултети

Џек Рико

15-годишниот Џек Рико стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот Невада во Лас Вегас.

Рико оваа недела ја добил својата диплома, додавајќи ја на дипломите што веќе ги поседува од Универзитетот Фулертон, кој го завршил на 13-годишна возраст и каде што е исто така најмладиот човек кој има диплома досега.

Како што вели, тој бил многу добро прифатен од професорите и другите студенти на факултетот и не бил третиран како дете. Џек сега ги завршил студиите по историја и се уште не е сигурен која област ќе ја избере за постдипломските студии.

Го повторувал трето одделение во основно училиште

Интересно е што Џек го повторувал трето одделение од основно училиште. Постигнувал натпросечни резултати на училишните тестови за интелигенција, но некои предмети едноставно не му оделе од рака. Неговите родители тогаш решиле да го школуваат дома. 

„Ниту едно дете не е исто, бидејќи некои деца напредуваат подобро во училишната средина, други напредуваат подобро кога учат дома… Мислам дека тоа треба да биде избор на детето“, изјави Рико за „KTNV“.

Неговата мајка Ру Андраде вели дека уште од мали нозе покажувал знаци на висока интелигенција. За четвртиот роденден сакал да ја види Белата куќа. Неговите родители му рекле дека може ако ги запамети сите американски претседатели. Рико го направил токму тоа, а патем ги научил и имињата на сите потпретседатели – за секој случај.

Освен што веќе има завршено два факултета, Рико е доста сличен на секој друг тинејџер.

„Тој е вистински лузер кога се во прашање видео игрите“, се пошегувала неговата мајка, додавајќи дека Џек има и сестра со аутизам за која секогаш се грижи и дека „најдоброто нешто кај него е неговото срце“.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....