4.8 C
Скопје
03:23 - 15 ноември, 2024

(ФОТО) Ѝ ОДДАВА ПОЧИТ СО ОВИЕ ДЕТАЛИ: Меган Маркл по модните стапки на принцезата Дијана

меган маркл

Пред да се појави на сцената на концертот во живо на „Global Citizen“ што се одржа во Централ парк во Њујорк, Меган Маркл во раката држеше чанта од брендот „Dior“, која ја обожаваше принцезата Дијана и која во нејзина чест го доби името „Lady Dior“. Но, ова не е прв, и веројатно не е последен пат, кога Меган буди спомени и ѝ оддава почит на покојната принцеза и мајката на нејзиниот сопруг со избор на накит или облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @thespencerwindsorcloset

Со изборот на стајлинзите за време на нејзината тридневна посета на Њујорк, Меган Маркл предизвика голема возбуда кај јавноста.

Откако се појави во темно сините панталони и капут од брендот „Armani“, таа беше видена во црн фустан и беж капут со потпис на „Max Mara“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Janelle (@royalreplimeghan)

Покрај темноцрвените панталони од кашмир и капут со речиси иста нијанса, потпишани од луксузната италијанска модна куќа „Loro Piana“, специјализирана за плетени и луксузни парчиња од најубавата волна и кашмир, таа носеше салонки со потпис на Маноло Бланик.

И додека многу се пишуваше за нејзината скапа гардероба и капутите што ги носела на плус 20 степени, еден детаљ го украде вниманието на јавноста.

Имено, станува збор за чанта од „Dior“, моделот „Lady Dior“, именувана по принцезата Дијана токму затоа што ѝ била омилена. Меган Маркл ја носеше чантата „Lady Dior D Light“ во комбинација со бел мини фустан од „San Gallo Couture“ со потпис на Валентино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Pakistan (@hellopakistan)

Култната чанта на „Dior“ првично се викаше „Chouchou“  (што на француски значи омилена). Оваа чанта е дизајнирана во 1994 година, а една година подоцна ѝ беше дадена на принцезата Дијана од сопругата на тогашниот француски премиер Жак Ширак, Бернадет. Чантата толку многу ѝ се допаднала на принцезата Дијана што наскоро набавила неколку модели во различни бои за да може да ги комбинира со различни стајлинзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plaza Indonesia (@plazaindonesia)

Моделот што го носеше Меган е понова верзија на култната чанта, која беше претставена во 2019 година. И додека ја има истата строга, геометриска силуета како и претходниот дизајн, таае украсена со еден нов практичен детаљ – двојно ременче што може да се отстрани, што овозможува да се носи и на рамо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @chic_style_and_fashionn

Но, скапата чанта на Диор не е единствениот детаљ со кој Меган ѝ оддаде почит на принцезата Дијана. Покрај престојот во хотелот „Carlyle“ Њујорк, каде редовно престојуваше принцезата Дијана, и каде една ноќ чини до 8.000 долари, Меган го носеше и златниот часовник на покојната Дијана.

Тој часовник сопругата на принцот Хари често го носи во последно време, и интересно, првиот наследник на тој часовник всушност бил принцот Вилијам, кој го добил во 1997 година по смртта на неговата мајка. Дванаесет години подоцна, браќата замениле некои парчиња накит од наследството на нивната мајка бидејќи принцот Вилијам сакал да ја запроси Кејт Мидлтон со прстен од сафири и дијаманти, кои сушност ги наследил Хари.

Слични објави

Кеба е шокиран: Ќерката на фолкерот се враќа во Србија после 16 години и ќе објави нова песна

Еспресо

Јована Јеремиќ проговори за бременоста: Водителката откри како ќе ѝ се вика синот!

Еспресо

Саша Матиќ е мета на измамници: Во сѐ е вмешан и неговиот брат Дејан Матиќ, а спомна и тужба

Еспресо

Снаата на Новак Ѓоковиќ физички нападнала и навредувала стјуардеса: „Грда си, не знам кој те вработил!“

Еспресо

Марија Шерифовиќ објави слика со својот син: Пејачката го прослави својот 40-ти роденден

Еспресо

(Видео) Цеца ги однела сестра си и снаата во Дубаи: Женското друштво ужива покрај базен

apostolova
Се вчитува....