7.8 C
Скопје
23:45 - 30 март, 2026

(ФОТО) СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СИ НАЈДЕ МОМЧЕ: Преубава сум, ги плашам

Елизабет Мари Шевалие

Моделот и Плејбој зајачицата изгледа како да не може да се „одбрани“ од додворувања 24 часа на ден. Но, 27-годишната Елизабет Мари Шевалие се жали дека не може да си најде љубовен партнер, пренесуваат странските медиуми.

„Тешко е, момците се плашат затоа што сум многу убава“, вели таа.

Оваа атрактивна девојка тврди дека можеби е превисока за повеќето мажи.

„Јас сум 178 сантиметри и сум убава и имам многу интензивна личност“, откри Елизабет.

Смета дека тоа е особено тажно бидејќи, како што вели, всушност е многу драга и полна со љубов, а тоа би го разбрале доколку одвојат време да ја запознаат.

Не може да оствари подлабока врска

За жал, повеќето состаноци на Шевалие немале среќен крај.

„Сум била на состаноци на кои момците едноставно не можат да разговараат со мене“, вели манекенката.

Често објавува секси фотографии во костими за капење. Само на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат 2,9 милиони луѓе ширум светот.

Како што вели, нема да има проблем да излегува со обожаватели, но и дека момците со кои се забавувала досега биле премногу вообразени и целосно фокусирани на нејзиниот изглед.

Мисли дека девојките околу ѝ се љубоморни затоа што претпоставуваат дека ќе им ги украде дечковците.

„Еднаш бев на забава за Ноќта на вештерките“, се сеќава таа. „Еден тип ми пријде и ме предупреди дека сум му седнала на столот, а неговата девојка го видела како разговара со мене и целосно полуде. Таа почна да ми вреска во лице. Јас воопшто не сум личност склона кон конфликти, па само си заминав“, изјави Шевалие.

Комплициран социјален живот

И покрај инсистирањето дека никогаш нема да украде нечиј љубовник, стравот, како што вели, ѝ го отежнува создавањето женски пријателства.

„За среќа, имам многу солидна група на девојки кои ме познаваат со години и на кои можам да сметам“, вели гламурозната девојка.

Што се однесува до идеалниот маж, Шевалие вели дека преферира „силен, но тивок“ дечко, кој е висок, темен и згоден, по можност со зелени очи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....