13.8 C
Скопје
17:13 - 17 март, 2026

Емили Дикинсон, девојката со писмата и белиот сомот

Емили Дикинсон остави колекција над 1.700 песни, а во текот на животот објави само десетина и тоа анонимно. Живееше повлечено и остана мистерија.

Емили Елизабет Дикинсон, родена во угледно но не и богато семејство, на само десетгодишна возраст, заедно  со својата сестра Лавинија, почнала да се школува во Академијата во Амхерст и иако поради здравствените проблеми неколку пати го прекратува школувањето, на Aкадемијата ќе помине седум години. На 25 годишна возраст два месеци минува во  Вашингтон и Филаделфија. Во писмата во кои и претходно уживала, сега пишува дека „ запознала многу прекрасни дами и господа“. Не се знае дали тоа патување оставило нешто скриено во нејзиниот живот. Но токму тоа време и наредните години се сметаат за најплодни нејзини години. До мигот кога наполнила 35 години веќе зад себе имала колекција од 1.100 песни кои ги чувала во своите нотеси кои никому не ги покажувала. Неколку песни стигнале до весниците, после еден нејзин обид да ги објави. Кога искочиле, променети и непотпишани, одлучила никогаш повеќе да не ги понуди.

На нејзините сограѓани нејзиното однесување изгледало чудно. Секогаш се облекувала во бело, во сомот, на своите сожители често им испраќала тајни писма со домашни колачиња или цвеќе, а со текот на годините одбивала било какви средби и посети, гледајќи се само со членовите на семејството и одредена група на деца, со својот брат, а нејзината изолираност отишла до таму што дури и пред смртта докторот морал да ја прегледа од друга просторија.

Подоцнежниот творечки период на Дикинсон е обележан од трагедиите. Татко ѝ умира во 1874., од срчев удар. Емили и во текот на погребот останува во својата соба. Една година подоцна, мајка и останува парализирана од мозочен удар. Следуваат и други трагедии меѓу блиските роднини, а таа скршена од сите загуби и самата се разболела. Следните две години здравјето ѝ се влошува, а на 15 мај 1886., умира во 55 година од својот живот.

Песните на Емили Дикинсон се објавени четири години по нејзината смрт, изненадувајќи ја критиката со длабочината која во себе ја носеле. Денес таа се смета за една од најзначајните американски писатели, а нејзината биографија најпосле доби своја филмска улога во филмот „Тивка страст“.

Слични објави

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо
Се вчитува....