18.8 C
Скопје
16:43 - 13 март, 2026

ЕЛЕГАНТНА И СОФИСТИЦИРАНА: Кралицата Летиција воодушевува со својата едноставност

кралица летиција

Почетокот на септември официјално го означува крајот на летните одмори и враќањето на работа, а членовите на кралското семејство не се исклучок.

Така, кралицата на Шпанија, Летиција, се врати на кралските обврски и ги замени летните фустани и еспадрили во кои јавноста имаше прилика да ја гледа во последните недели со многу поелегантна комбинација.

Откако минатата недела ја испрати својата најстара ќерка, принцезата Леонор од Австрија во Велс, каде идната кралица на Шпанија ќе го продолжи своето образование на престижниот „UWC Atlantic College“, кралицата Летиција започна со нови работни обврски.

Кралицата на Шпанија присуствуваше на првото издание на наградите „Retina ECO“, организирани од весникот „El País“ во соработка со консултантската фирма „Capgemini“ за препознавање иницијативи за борба против климатските промени.

Летните стајлинзи, кои обично вклучуваа нежни летни фустани и многу тренди еспадрили, кралицата Летиција ги заменети со многу поелегантен и „посериозен“ стајлинг.

Така, за првиот работен ден таа се одлучила за сигурна комбинација со која е невозможно да погреши. Црн тесен фустан украсен со дискретно деколте што ги открива рамената во комбинација со класични црни салонки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)

Елегантна и софистицирана, но сепак не наметлива во црн фустан со средна должина, Летиција повторно ја воодушеви јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @espanha.real

Фустанот направен од бамбус го носи дизајнерскиот потпис на Мари Мало, шпанска компанија која изработува облека од трајни ткаенини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shopping & Style (@shoppingstylees)

Заедно со црниот еколошки фустан, шпанската кралица, на чиј стил многумина се восхитуваат, носеше дискретен накит.

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....