13.8 C
Скопје
16:22 - 28 октомври, 2026

Е ОВА Е ЉУБОВ: Индиски бизнисмен изградил реплика на Таџ Махал за својата сопруга

индија

Индиецот Ананд Пракаш Чуксеј изградил помала реплика на легендарниот Таџ Махал како дом за неговата 27-годишна сопруга. 52-годишниот бизнисмен го подигнал својот „споменик на љубовта“ во градот Бурханпур во централната индиска држава Мадја Прадеш.

Чукси изјави за „Би-Би-Си“ дека изградбата на куќата чинела околу 20 милиони рупии (260.000 долари) и дека тоа е „подарок за неговата сопруга, но и за градот и неговите луѓе“.

Оригиналниот Таџ Махал го изградил императорот Шах Јахан во спомен на неговата сопруга Мумтаз која починала додека го раѓала нивното 14-то дете. Неверојатниот мермерен споменик е една од најголемите туристички атракции во Индија, а пред пандемијата привлекуваше дури 70.000 луѓе дневно.

Репликата на Чукси, сместена на неговиот простран имот кој вклучува болница, исто така привлекува постојан прилив на посетители.

„Луѓето шетаат по тревниците и ја фотографираат околината“, рече тој, додавајќи дека многумина го избираат овој простор за нивните фотографии пред свадбата.

„Не ги спречувам бидејќи нашиот град е тесно поврзана заедница во која секој се познава со секого. Така што мојата куќа е отворена за секого“, рече Чукси истакнувајќи дека не им било дозволено на сите да влезат во куќата бидејќи „сè уште е негов дом во кој живее со семејството“.

Но, понекогаш, семејството ги прима своите гости кои доаѓаат и се восхитуваат на раскошната внатрешност на куќата – сложените цветни мотиви што ги красат мермерните ѕидови, подови и прозорци.

Куќата се состои од две главни спални соби сместени на два посебни ката. Има и библиотека и соба за медитација. Дневната соба е украсена со мермерни столбови, закривени скали и позлатен таван.

Слични објави

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.
Се вчитува....