2.8 C
Скопје
11:33 - 23 декември, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 7 јуни: Биковите да заборават на грижите, Близнаците нервозни и анксиозни, а Лавовите задоволни од постигнатите резултати

Овен

Вашиот дом и семејството секогаш ви биле најпријатното нешто што ви ја дава целата сила и енергија. Тие се вашиот „ветар во грбот“, со нивна поддршка постигнувате сѐ што сте замислиле да остварите и на работа и на приватно поле. Ако сте сингл, околу вас кружи една личност, обрнете ѝ внимание.

Бик

Конечно можете да дишете со полно срце. Грижите и проблемите се зад вас. Свесни сте дека повторно владеете со ситуацијата на сите полиња. Сето тоа ќе ве држи и во наредниот период, така што со позитивната енергија ќе се охрабрите да поставите едно прашање што долго време ви е на памет.

Близнаци

Вашата емотивна врска од ден на ден е сѐ понесигурна, а тоа ве прави нервозни и анксиозни. Сакате да знаете на што сте, сакате веднаш одговори, па по секоја цена партнерот го ставате пред свршен чин. Мора да решите многу нешта во вашата турбулентна врска.

Рак

Мора да бидете практични и реални. Потрудете се несогласувањата отстрана да не ги ставате на срце. Ако сакате да ви биде полесно, сменете ја тактиката. Потрудете се да разговарате со партнерот ако сакате да бидете начисто. Тој е подготвен за компромиси.

Лав

Задоволни сте со постигнатите резултати. Успехот ве стимулира да почнете да ја планирате работата на подолгорчен рок. На сугестивен начин ја убедувате околината во своите идеи. Никој нема да може да ви одолее, сите ќе ви се поклонуваат и ќе ви аплаудираат.

Девица

Пред вас е успешен ден под услов да се насочите на нови работни потфати. Не пропуштајте ги можностите, особено кога станува збор за нови договори. Наоѓате време за сѐ што сакате, па и за по некое хоби. Ако продолжите да го игнорирате партнерот, ќе го изгубите.

Вага

Правите сѐ за да ги нагласите вашите способности и вештини. Сѐ што сте замислиле ќе ви се исполни и ќе бидете задоволни. Игнорирајте ги оние што не ве почитуваат, не го заслужуваат вашето внимание. Свртете се кон себе и кон своите приоритети.

Скорпија

За сѐ што ве окупира сакате да имате одврзани раце. Ви пречат надворешните влијанија. Копнеете по помош од некој близок. Замолете ја околината да ве остави на мир. Нервозата е зголемена, но излезот од тунелот е на повидок. На прагот сте на поведри и посреќни денови.

Стрелец

Соработниците ги саботираат вашите идеи, но тоа нема да ви пречи да ги реализирате. Ненаметливи сте, но упорни, затоа успехот ќе биде на ваша страна. Потрудете се добро да се одморите, трудот не вреди толку. На повидок добар износ на пари.

Јарец

Од некого многу сте очекувале. Ситуацијата се искристализира, па јасно е дека сте се прецениле и себеси и другите. Потребата за љубов е изразена, но поради вашата повлеченост и инертност, никој не го забележува тоа. Тргнете во акција, успесите ќе се нижат.

Водолија

По којзнае кој пат блиските луѓе во вашето опкружување ги игнорирате, и тоа без посебна причина. Доколку ви се постави прашањето кој колку дава за врската да опстане, му вртите грб. Тоа е симптом дека партнерско – пријателскиот однос е нестабилен. Насочете се само кон оние вистинските.

Риби

Ако одлучите да се занимавате со професионалните проблеми, ќе бидете повеќе од успешни. Самоуверени сте, а тоа ќе ви биде уште поголем поттик за комуникацијата со соработниците или со надредените. Овој пат ќе инсистирате на вашиот став и принципи.

Слични објави

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....