2.8 C
Скопје
11:59 - 23 декември, 2024

Таинствени љубовџии: Два хороскопски знаци ќе влетаат во „забранета“ љубовна романса наскоро

љубов

Астролозите именуваа два знака на Зодијакот кои во текот на месец јануари може да започнат љубовна афера која ќе ја чуваат во тајност.

Ќе зрачите со еротски магнетизам, но сепак, внимавајте особено доколку сте веќе во стабилна врска.

Кои два хороскопски знаци се на листата на таинствени љубовџии, прочитајте во продолжение.

Близнаци

Вашата подготвеност да превземате ризици ќе биде на граница на „лудило“ во месец јануари. Ќе мислите дека да започнете афера е многу симпатична идеја, нешто што вреди да се доживее токму сега – кога сакате да сакате бурно, и дефинитивно нешто што можете да го скриете од сегашниот партнер/ка без никакви тешкотии. И добро ќе ви тргне…па дури и нема да чувствувате грижа на совест кога станува збор за изневерување, бидејќи е „доживување на она што животот може да го понуди“. Сепак, добро е да се дистанцирате навреме од тајните романси пред да станат преопасни за актуелната врска, зашто овојпат нема да ви ја освежат актуелната врска туку – доколку се откријат – можат сосема да ви ја уништат.

Риби

Рибите ќе имаат бројни додворувачи во текот на целиот прв месец од годината, па нема да им биде тешко да си најдат партнер. Но, проблемот е што тоа нема да биде само еден партнер…Флертувањето не е забрането, сепак, во вашиот и онака во моментов конфузен живот само ќе си долеете нова забуна. За среќа, бргу ќе се изморите од лагите и трчањето од една прегратка во друга, па до крајот на јануари ќе сфатите дека тајните љубови не се за вас. Најпосле, ќе сфатите и дека не мора сите да ве сакаат ниту пак вие да ги сакате сите и дека посветеноста на еден партнер е она што навистина ви треба. Ѕвездите ве советуваат да не влегувате во мамки со поранешни љубови, зашто повторно нема да испадне ништо од тоа.

 

Слични објави

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо
Се вчитува....