3.8 C
Скопје
01:28 - 21 декември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 9. МАРТ: Неочекувани настани за Јарците, убави вести за Раковите, успешен ден за Лавовите…

дневен хороскоп

Овен

Ќе се поврзете со необични личности или со луѓе кои не се од вашата средина. Така ќе го збогатите својот емоционален свет. Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата, а со тоа и ќе добиете елан и мотив. Не споредувајте се со другите.

Бик

Важно е во односот со саканата личност да покажете разбирање и сочувство. Бидете ѝ пријател. Партнерот се труди да ве задоволи на сите полиња, покажете му дека го почитувате. Многу сте снаодливи и брзо ги надминувате работните проблеми кои на другите би можеле да им создадат вистинска мака и тешкотија.

Близнаци

Денес ќе зрачите со самодоверба и ќе сакате да им помагате на најблиските. Ве очекуваат и неколку интересни средби, а во овие ситуации бидете свои. На поле љубов забележувате напредок – подобро комуницирате со партнерот и лесно се справувате со недоразбирањата. Повеќе не важи мотото – што е мое, мое си е.

Рак

Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе ѝ се спротивставите и ќе победите. Но, од друга страна, пак, на емотивно поле ви цветаат рози. Саканата личност ќе ве изненади со несекојдневен подарок.

Лав

Од она што сте го презеле, нешто веќе сега ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да поминат уште некои проверки. Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои сѐ уште се сами, тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кога најмалку очекувате, ќе ја запознаете својата сродна душа.

Девица

Ако сте во врска, бидете повнимателни со чувствата на партнерот. Во љубовта не заборавајте дека не се натпреварувате со никого. Денес ќе ги изненадите сите со вашата посветеност на личните цели. Во текот на денот најдете време и за некоја креативна активност што ќе ви помогне да се оттргнете од негативните мисли.

Вага

Вратете си ја хармонијата под вашиот покрив. Непредвидливиот Уран започнува петмесечно ретроградно движење во вашиот сектор на домот и семејството, поттикнувајќи ве да ги решите проблемите во него. Не ги игнорирајте повиците за помош на вашите најмили, разговарајте со нив и правете компромиси.

Скорпија

Потребно е да се посветите на саканата личност ако сакате да останете заедно. Потребно е да го покажете својот интерес за нештата кои ѝ се важни на саканата личност. Таа не е свесна за емоциите. Под голем притисок сте од страна на претпоставените, сметате дека таквата атмосфера не може да биде продуктивна.

Стрелец

Научете да управувате низ турбуленции. Денешниот ден ќе ви приреди неочекувани случки, изненадувања и промени кои ќе ви го поместат животот од темел. Не планирајте ништо однапред, бидејќи тоа ќе биде залудно. Многу Стрелци ќе се вљубат на прв поглед, а други ќе ја пронајдат нивната сродна душа.

Јарец

На емотивно поле, можни се некои настани кои не ги очекувате. Немојте да очекувате сериозна врска затоа што сѐ уште не е време за тоа. Пред вас е можност и да се распрашате за некоја дополнителна работа која би можела во позитивна смисла да влијае на вашето поле на заработувачка и финансии.

Водолија

Овозможете си малку повеќе одмор и не трудете се работите да бидат совршени, бидејќи никој нема да го бара тоа од вас. Одложете ги задачите кои немаат краен рок и порелаксирано работете го она што ви е со висок приоритет. Одвојте си време за да се погрижите за вашите финансии и да направите план за штедење.

Риби

Ќе постигнете успех во некои ваши дамнешни планови, барем до одреден степен. Може да очекувате напредок во оваа сфера, особено ако сте ангажирани во областите на уметност и јавен интерес. Ќе сакате да ги „истресете“ вашите фрустрации кон другите, што нема да влијае позитивно на вашиот љубовен живот.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....