1.8 C
Скопје
13:12 - 20 декември, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 15.ФЕВРУАРИ: Близнаци осаменоста не е решение, Девици бидете поскромни…

дневен хороскоп

Овен

Време е за промени. Во љубовта многумина конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од препреките или фрустрациите што ги кочеле. Ќе биде тоа подобрување во вашите лични односи, но и понатаму се советува претпазливост. Најмногу поради тоа што може да дојде до грешки или до провокација од друга страна. На повидок се бизнис-патувања, нови учења, откривање нови сознанија. Здравјето е одлично, само внимавајте при конзумирањето на алкохолни пијалаци.

Бик

Нема мир за вас. Предизвик до предизвик. Љубовните предизвици ќе се проретчат, а вашиот љубовен живот ќе се смири. Повеќето ќе бидат задоволни. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе ќе уживате дома во друштво на најмилата личност. Оние што сѐ уште се сами, љубовта би можеле да ја најдат на сосема обични места. На професионално поле сѐ она што сте го смислиле и планирале полека ќе добива надворешни обележја. Искористете го денот и заминете некаде надвор од градскиот метеж.

Близнаци

Осаменоста не е решение. Секој вагон има свои патници, а секој човек своја сродна душа. Ако сѐ уште сте сами и барате љубов, бидете одмерени и не навалувајте. Овој пат ќе се случи вие да бидете заведени, а не да заведувате. Затоа, можете да останете пасивни барем засега. Ако се чувствувате осамени, сметајте го тоа само како фаза, и дека сѐ ќе тече полека. На професионално поле главно ќе се стремите кон високи цели, а околностите и настаните ќе одат во прилог на тоа. Кога е здравјето во прашање само намалете со кофеинот и брзата храна.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (14.-20 февруари): Љубов за Девиците и Рибите, добри вести за Овните и Јарците, нови можности за Стрелците…

Рак

Што велите за еден прекрасен и спокоен ден исполнет со незаборавни моменти поминати со вашата сакан/а. Пред вас е убав љубовен ден кога ќе можете да очекувате склад помеѓу вас и саканата личност. Ако се уште сте сингл, секако излезете надвор во друштво, бидејќи шансите со некого да се зближите се зголемени. Ќе бидете заводливи, а лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ви приоѓаат. Се наоѓате во фаза кога треба да решавате ситници на работа. Никотинот и алкохолот не ги решаваат малите проблеми, само го загрозуваат здравјето.

Лав

Мали проблеми, но големи решенија. Помеѓу вас и саканата личност ќе имате сѐ повеќе размени на идеи, но и дистанца. Секој ќе посака нешто свое, а усогласувањето ќе биде низ компромис. Најдете златна средина и двајцата ќе бидете помирни. Во спротивно, ќе се чувствувате осамено. На дневен ред доаѓа интелектуални борби. Некои во вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги одработувате со страст или со лутина. Време е на да намалите со оброците и да започнете некоја диета.

Девица

Работата ќе станува сѐ поинтензивна, а сѐ што ќе правите ќе поприма претприемачки карактер. Во љубовните прашања денес ќе можете да се фалите пред другите или да си замислувате дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Многу лесно можете да предизвикате иритација кај другите, но и кај саканата личност, иако по природа сте приземјени. Поминете го време во природа, макар и сами. Вежбајте за добар изглед, но и здравје.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – ФЕВРУАРИ 2022: Јарците – ѕвезди на месецот, Девиците ќе „цветаат“ од љубов, комлицирано за Овните…

Вага

Земете ги работите во свои раце. Ќе се двоумите како да се поставите во еден личен, интимен однос. Ве боли тоа што сте провоцирани, но сепак, сакате да остварите подлабок однос со саканото лице. Што се однесува до работата, подготвени сте да им ја препуштите на другите, а самите преферирате да се провлекувате. Но, сепак, ќе мора да ги засукате ракавите. Здравјето е стабилно, но потребни се контроли. Посетете го вашиот матичен лекар и направете еден контролен преглед.

Скорпија

Патот до нечие срце вам ви е сосема отворен. Повеќе немате никакви препреки. Единствено е важно прво малку да размислите што ќе кажете. Бројте до 10. Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност. Изразувањето на креативноста денес ќе ви биде приоритет. Во сѐ што ќе правите ќе внесувате уметност и естетика. Некои колеги би можеле да бидат малку почувствителни, помогнете им ако некаде заглават. Кога последен пат сте биле во природа. Направете го тоа денес и здравјето ќе ви биде благодарно.

Стрелец

На љубовно поле ќе обрнувате внимание на ситници и денот нема да ви донесе ништо сензационално. Веројатно сте малку исцрпени и со намалена надеж за подобро утре. Може да се каже дека најмногу ќе се занимавате со самите себе. Некој ваш колега ќе ви делува како сноб кој нема попаметна работа. Имате потреба да им помагате на другите луѓе. Здравјето ве служи, а од непријатната главоболка решете се со прошетка на некое мирно место.

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ МАКСИМУМ ДА ИСКОРИСТАТ ОД ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА НА 16.ФЕВРУАРИ: Ѕвездите ве советуваат што да направите два дена по Денот на вљубените за среќна иднина!

Јарец

Ќе се дружите без граници. Ќе бидете склони да комуницирате со секого и секаде, па многумина ќе го бараат вашето присуство и ќе ве очекуваат за да ја започнете забавата. Ќе уживате во добрата храна, пијалак, друштво. Можно е да се зближите со лице што може многу да ви помогне на професионален план. Повеќе нема потреба да се сомневате во сѐ и сешто. На повидок се успеси и признанија на професионално поле. Секој слободен момент искористете го за пешачење.

Водолија

Постои ризик за разочарување ако им помогнете на сите што ќе побараат ваша помош. На професионален план работите се одвиваат добро и смирено. Контролирајте ги обврските. Барате премногу од вашиот партнер и иако досега работите беа како што треба, сега ќе треба малку повеќе да се потрудите за истиот ефект. Имајте доверба. Оние што работат ќе имаат сѐ повеќе одлични идеи. Уживајте во здрави оброци и долги прошетки.

Риби

Секој момент поминат во ваше друштво е драгоцен.Вашата добрина и разбирање ќе направат добро да се согласувате со луѓето околу вас. Ќе гледате на животот на поразличен начин и ќе ставите крај на проблем кој долго ве мачи. Имате шанса да ги покажете вашите професионални способности и таленти кои ќе бидат наградени. На љубовен план сè се одвива според посакуваното и планираното, без да вложувате посебен труд. Намалете со никотинот.

ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ? Најспонтаните хороскопски знаци кои се согласуваат со речиси сè!

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....