1.8 C
Скопје
21:50 - 18 декември, 2024

Што кажува хороскопскиот знак на вашата сродна душа за вас?

Веќе знаете дека вашиот хороскопски знак открива многу за вас и за вашиот карактер. Но, дали знаевте дека и хороскопскиот знак на вашиот партнер може да ви каже многу? Според астрологијата постои причина зошто сте одбрале личност токму со тој знак, а во продолжение откријте ја вашата.

Овен
Вие сте одбрале Овен бидејќи не сте заинтересирани за предвидлива врска – сакате страсна и огнена авантура. Вие сакате возбуда и спонтаност, некој што може да го претвори и најздодевниот викенд во авантура. Вие сакате некој којшто ќе ве натера да пробувате нови нешта, а не некој што ќе ви се придружи на каучот и ќе ве држи во удобната зона.

Бик
Сте одбрале Бик бидејќи барате стабилност. Вие сакате партнер кој е постојан и на којшто можете да му верувате. Повеќе не сакате врски со личности што ве лажат и ве разочаруваат. Сакате некој кој ќе биде искрен со вас без да покажува непочитување. Сакате некој кој е подготвен за сериозна врска.

Близнаци
Сте одбрале Близнаци бидејќи сакате флексибилен партнер кој се движи со текот на нештата. Сакате некој кој е возбуден за вашата иднина и покрај тоа што ниту еден од вас не знае каде ве водат патиштата. Сакате некој што не се плаши од непознатото, некој со отворен ум, бидејќи не е важно каде ќе ве однесе животот сè додека сте заедно.

Рак
Сте одбрале Рак бидејќи не сакате да бидете личноста што се грижи повеќе во врската. Сакате сериозна врска со некој кој вложува исто колку и вие. Некој кој ќе ги откаже неговите планови за вас без многу размислување. Некој кој прави да се чувствувате ценето и којшто ве става на прво место.

Лав
Сте одбрале Лав бидејќи ве привлекуваат луѓе со амбиција, луѓе кои знаат што сакаат од овој свет и ќе направат сè за да го добијат тоа. Сакате врска што ве предизвикува и ве тера да станете најдобрата верзија од себе. Не сакате да станете мрзливи, сакате да бидете со личност која го гледа вашиот потенцијал и го стимулира вашиот развој.

Девица
Сте одбрале Девица бидејќи го цените вниманието на деталите. Вие сте импресионирани од работната етика на Девиците. Воодушевени сте од нив бидејќи изгледаат силно однадвор, но всушност се навистина меки однатре. Тие се совршена рамнотежа помеѓу „слатки“ и „опасни“, а ова значи дека ќе ви кажат ако грешите, но и ќе ве тешат кога ќе бидете повредени.

Вага
Сте одбрале Вага бидејќи сте романтичар. Сакате да ве облеваат со внимание и да ве бркаат. Сакате да шетате на плажа држејќи се за рака и да се галите под масата за време на ручек. Сакате врска во која ќе се чувствувате сакани, па дури и разгалени. Сакате личност која ќе ви го дава целото внимание што ви е потребно.

Скорпија
Сте одбрале Скорпија бидејќи сакате да се состанувате со вашиот најдобар пријател. Сакате да бидете со личност која се смее на вашите шеги, ви пишува пораки со часови и ги мрази истите луѓе како и вие. Сакате врска во којашто ќе се чувствувате разбрано и во која ќе бидете дел од тим.

Стрелец
Сте одбрале Стрелец бидејќи ви е навистина важна физичката поврзаност. Чувствувате искра кога се држите за рака, имате пеперутки во стомакот секогаш кога ви го бакнуваат вратот, а сексот е неверојатен. Се чувствувате навистина блиско со оваа личност бидејќи имате неверојатна поврзаност. Нема потреба да зборувате за да знаете за што размислувате.

Јарец
Сте одбрале Јарец бидејќи ве привлекува интелигенцијата. Навистина ви се важни долгите, детални разговори. Сакате личност со којашто можете да дискутирате за серии, но и личност со којашто можете да разговарате за тајните на универзумот. Не сте среќни доколку не сте продуктивни, а Јарецот ќе ве потсетува колку многу можете да му дадете на овој свет. Јарецот ќе ве турка кон успехот секој ден.

Водолија
Сте одбрале Водолија бидејќи не сакате да се чувствувате згушено. Сакате да имате ваш живот, да имате време за пријателите, но сакате и врска полна со љубов. Потребна ви е личност која може да ги балансира разните аспекти од животот, а оваа личност е Водолијата. Овие луѓе се независни, но сепак ќе ви праќаат љубовни писма и слатки пораки. Ќе ви дадат простор, но ќе бидат до вас секогаш кога ќе ви требаат.

Риби
Сте одбрале Риби бидејќи сте воодушевени од нивните социјални вештини. Го сакате тоа што можат да ги насмеат сите нивни пријатели. Го сакате тоа што одлично се сложуваат со вашите родители. Сакате што ви е удобно кога сте во иста просторија. Тие ви ја зголемуваат самодовербата бидејќи кога ќе ве видат со нив е исто како да ве виделе со славна личност. Кога сте со ова личност сите се импресионирани од вас и сите сакаат да ве запознаат.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....