2.8 C
Скопје
18:10 - 19 декември, 2024

Секогаш бирате погрешен партнер? Нумерологијата ви открива каде грешите

Науката за броевите може многу да ни помогне во емотивниот живот. Секој од нас има личен број кој лесно е да се пресмета и дава преглед на нашата, но и на личноста на нашиот партнер. Бројките се како магија. Ако сретнете личност со која сте нумеролошки компатибилни, можете да очекувате убава врска која може да стане вечна и да заврши со брак. Но, некои врски не успеваат без разлика на тоа колку се трудат двајцата партнери. Нешто како да недостасува или, пак, разликите во карактерот се премногу големи за да може врската да опстане. Во тој случај, можеби сте сретнале личност која не се согласува со вашиот личен број. За да не талкате емотивно и да се врзувате за погрешни партнери, прочитајте го овој нумеролошки водич кој ќе ви ја олесни љубовната потрага и ќе ви одговори што не е во ред во вашата врска.

Пресметајте го вашиот и бројот на партнерот

За да дознаете дали сте еден за друг, доволни ви се вашата и датата на раѓање на вашиот партнер. Вашиот личен број е клучот со кој ќе можете да откриете колку сте емотивно компатибилни со партнерот. Едноставно соберете ги бројките од датата на вашето раѓање и претворете ги во еден број. Тоа е вашиот личен број. Направете го истото и за вашиот партнер.

На пример, ако вашиот роденден е на 14.07.1985, треба да ги соберете цифрите на денот, месецот и годината и да ги претворите во еден број.

Месец: 7

Ден: 1 + 4 = 5

Година: 1 + 9 + 8 + 5 = 23, односно 2 + 3 = 5

Соберете ги сите: 7 + 5 + 5 = 17, 1 + 7 = 8

Вашиот личен број е 8.

Следниот чекор е да го дознаете роденденот на личноста во која сте заљубени. Пресметајте го неговиот или нејзиниот личен број. Кога ќе го направите тоа, погледнете го описот на броевите кој ќе ви покаже дали вие и вашиот партнер сте сродни души според нумерологијата.

Број 1: Одлични љубовници

Родените во бројот 1 се многу упорни, честопати и тврдоглави. Тие се родени лидери, амбициозни и креативни. Имаат голема самодоверба и се одлични љубовници. Тие се многу посесивни кон нивниот сакан, но и заштитнички настроени. Личноста која ја сакаат ја чуваат како капка вода на дланка и сакаат да се гордеат со партнерот во друштво. Додворувањето никогаш не им е проблем бидејќи освојуваат благодарение на нивниот неоспорлив шарм. Најголем романтичен успех можат да имаат со бројките 2, 4 и 7. Кај двојките им се допаѓа нивната нежност, топлина и добродушност, а четворките ги привлекуваат поради нивната непредвидливост.

Број 2: Романтичари

Луѓето родени во бројот 2 се одликуваат со дипломатски и мирољубив став. Тие се големи романтичари кои сакаат да фантазираат. Нив ги краси трпеливост, сочувствување и љубезност. Многу лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и многу се пријатни за заеднички живот. Во љубовта се топли и потребни им се многу љубовни докази од партнерот за да се чувствуваат сакани. Потребен им е партнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и кој ќе ги разбере нивните чести промени на расположение и нивната пречувствителност. Единиците ја зголемуваат нивната самодоверба, а одлично се сложуваат и со бројот 7.

Број 3: Лесно за заљубуваат

Тројките се луѓе кои ги краси оптимизам и великодушност. Добронамерни се и гостољубиви, сакаат да уживаат во животот и во убавите работи. Поврзани се со нивниот дух, чувствителни се и многу лесно се заљубуваат, па им треба партнер кој ќе ги смири и кој ќе им даде сигурност. Луѓето родени во бројот 3 се во постојана потрага по идеален љубовен партнер и затоа често влегуваат од една врска во друга. Се согласуваат со бројот 6, кој може да им даде многу љубов, но и да ја разбере нивната потреба за слобода. Добро се сложуваат и со броевите 8 и 9.

Број 4: Тешко се врзуваат

Луѓето родени во бројот 4 се многу независни и ја сакаат нивната слобода. Досетливи се и оригинални, а поради нивната интересна личност омилени се во секое друштво. Добро се информирани, знаат да се шегуваат и да ги сакаат луѓето. Во љубовта честопати се непредвидливи и тешко им е да се врзат за некого трајно, бидејќи кај секого наоѓаат маани. Пред да се смират со некој, проаѓаат низ турбулентен љубовен живот. Луѓето родени во бројот 1 одлично се согласуваат со четворките бидејќи го делат сличниот ентузијазам и љубовта кон промените. Четворките се исто така во добар однос со седмиците.

Број 5: Ги кријат чувствата

Тие се многу комуникативни луѓе кои се одликуваат со снаодливост и брзина. Креативни се, природно шармантни и забавни. Љубопитни се и обожаваат излегувања, забави и патувања. Во љубовните врски честопати се премногу затворени, бидејќи сѐ сакаат да рационализираат и емотивно тешко се отвораат. Но, многу се привлечни, па затоа се успешни во заведувањето. Најдобро се согласуваат со единиците и шестките.

Број 6: Љубовта им е на прво место

Родените во бројот 6 се вистински уметнички души кои ги краси богатата имагинација, добриот и попустлив карактер и толеранција, а овие одлики ги ставаат на врвот на листата на најпосакувани љубовни партнери. Секогаш се смирени, честопати и наивни, а љубовта им е секогаш на прво место. Лесно се заљубуваат и се во вечна потрага по сродна душа. Без љубовта не можат да се смират и ќе бараат додека не го најдат вистинскиот партнер. Бројот 3 ќе им ја да даде посакуваната сигурност и одлично ќе комуницираат. Добро ќе се согласуваат и со бројот 5 со кого ќе имаат возбудлив љубовен живот.

Број 7: Ќе направат сѐ за партнерот

Станува збор за интуитивни и креативни луѓе кои се многу духовити. Тие се толерантни и многу попустливи. Но, многу се чувствителни, па затоа лесно остануваат повредени. Тешко заздравуваат од љубовните неволји и затоа оставаат да помине многу време пред да се одлучат за нова врска. Во љубовта се нежни, романтични и чувствителни. Подготвени се да направат сѐ за партнерот. Иако имаат одлична интуиција, многу често одбираат погрешен партнер. Љубовната среќа многу лесно ќе ја остварат ако се врзат со личности родени во броевите 1 и 2, бидејќи со нив многу добро емотивно ќе се разбираат.

Број 8: Внимателни се во љубовта

Осмиците се практични луѓе кои цврсто стојат на земјата. Не се занесуваат со нереални цели, многу се внимателни и систематични. Трпеливи се и имаат одлична самоконтрола. Имаат аналитички ум, а во љубовта се внимателни, дури и премногу. Многу се плашат дека ќе бидат повредени и затоа долго им треба да одберат партнер. Бараат сигурност во љубовта, односно врска која веднаш ќе го носи печатот на одговорност и трајност. Токму затоа најмногу им одговараат партнери родени во бројот 3 и 9. Тројките се подеднакво практични како и тие, а со деветките се согласуваат енергетски.

Број 9: Посветени освојувачи

Деветките имаат страсна и енергична природа, но честопати се многу тврдоглави и импулсивни. Искрени се и не сакаат одложувања. Имаат голема психичка сила, но и изразено либидо. Кога ќе се вљубат, целосно ја губат главата. Освојуваат директно и шармантно без разлика за кој пол станува збор. И жените и мажите во овој број лесно се заљубуваат и ќе направат сѐ за да ја освојат личноста која им се допаѓа. Во љубовта одлично се согласуваат со тројките и петките, со кои се надополнуваат и имаат сложен однос, а шестките и осмиците можат лесно да ги смират.

Слични објави

Жика Јакшиќ и Дајана повторно заедно по разводот: За малку ќе се расплачев

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Мина се иселила од вилата на нејзиниот татко вредна 2,5 милиони евра, а вака изгледа нејзиниот дом 

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Еспресо

Дарко Лазиќ се бори со вишок килограми, а сега откри дали повторно ќе го намали желудникот

Еспресо

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо
Се вчитува....