11.8 C
Скопје
10:03 - 4 мај, 2024

Простите им, и сè ќе се промени: Два хороскопски знаци треба да се помират и да продолжат напред, среќата е зад аголот

Астролозите направија хороскоп за овој викенд, и заклучија дека два знака од Зодијакот ќе мора да се помират со ситуацијата, да ги прифатат луѓето онакви какви што се, да им простат и да продолжат понатаму со животот. Само тогаш, зад аголот ќе ги пресретне голема среќа и нови врати со прекрасни нови можности.

Ѕвездите советуваат дека колку и некои луѓе да ви нанеле болка во минатото, или токму сега, мора да им простите и да продолжите понатаму, без гнев во вашето срце.

Еве кои знаци се пред ваков предизвик.

Близнаци

Можеби се чувствувате многу дневни на вапиот партнер/ка кој во последно време ви нанесува само неправди и неверства, ве опсипува со лаги…Или можеби никако не можете да се ослободите од гневот наталожен од минатото поради тоа што од некого кому толку сте верувале, сте биле разочарани и изневерени. Сепак, овој викенд е вистинското време да се ослободите од целата горчина во вас која се повеќе расте, и така, само ви создава се поголема тежина од која се потешко можете да се ослободите. Ако сте во токсична врска, прекинете ја веднаш, без драми. Простете му/ѝ на партнерот/партнерката без разлика на повреденоста која ја чувствувате и мирно објаснете дека не сакате да останете тука повеќе. Ѕвездите ви ветуваат дека штом тоа ќе го направите одлучно, целиот Универзум ќе почне „да работи“ за вас.

Риби

Мора да им простите на најблиските – на некој близок од вашето семејство или на некој пријател од минатото за кој сметате дека ви навел неправда и поради тоа и самата помисла на него/на неа ви создава вознемиреност. Сега е вистинско време да направите рекапитулација на мислите, на сеќавањата, и кога ќе бидете сосема искрени со себе, ќе сфатите дека многу од работите кои се случиле, не се случиле без причина и дека некои реченици сами ги испревртувате. Голем чекор напред ќе направите ако овој викенд го кренете телефонот и разговарате со напуштениот пријател или близок роднина. Одеднаш, ќе се случи вистинско чудо, и целата негативна енергија ќе се трансформира во позитивна сила која ве придвижува напред!

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо
Се вчитува....