2.8 C
Скопје
19:50 - 20 декември, 2024

ПАР ОД СОНИШТАТА: Хороскопски двојки кои се најмоќни и најстрасни заедно

џорџ клуни, амал клуни

Според астрологијата, четирите елементи од кои зависат карактеристиките на хороскопските знаци се оган, воздух, вода и земја, а токму тие елементи одредуваат колку вие и вашиот партнер сте компатибилни.

Ова се хороскопските парови кои се најмоќни и најстрасни кога се заедно.

Овен – Вага

Овните се лидери, а освен Вагата, ниеден друг знак со контролирачка природа не е добар спој со овој знак. Овенот од партнерот бара искреност, а кога се работи за сексуалните активности, не постои пострастен знак од Овенот. Иако и Лавот и Скорпијата можат да бидат солидни партнери за Овенот, сепак најдобриот избор е Вагата, со нејзиниот лесен тек на животот и искрена природа. Вагата е емоционално зависна, што совршено ја надополнува потребата на Овенот да контролира додека ја истражуваат страста во нивната врска.

Бик – Девица

Бикот е традиционален и фамилијарен знак, кој ја сака интензивноста на водењето љубов повеќе од самиот чин. Романтичниот Бик е најкомпатибилен со Девицата, која исто така ужива во семејниот живот. Тие заедно формираат моќен пар.

ЌЕ СИ ГО ПОМИНАТ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ: Три хороскопски знаци на кои февруари не им „љубовен месец“

Близнаци – Стрелец

Иако весели и забавни во секојдневниот живот и во односите со пријателите, кога станува збор за врските, Близнаците стануваат прилично тешки за повеќето знаци. Тие се плашат од посветеност затоа што така се чувствуваат врзани. Близнаците од својот партнер бараат интелект и духовитост. Стрелецот е совршен партнер за нив бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби сопствената слобода, а тоа никој не може да го разбере подобро од Близнаците. Овие два знака во врска се чувствуваат исклучително среќни и исполнети и заедно можат да го освојат светот.

Рак – Бик

Ракот секогаш е во потрага по долга и сериозна врска,во која може емотивно да се поврзе со својот партнер. Бикот е совршен партнер за Ракот, бидејќи поседува голема доза емотивност, сериозност и сталоженост, што на Ракот му дава силно чувство на сигурност.

Што најмногу мразат хороскопските знаци? На Близнаците не им кажувајте како да возат, а со Вагите не влегувајте во расправија

Лав – Овен

Полни со гордост и високо его, Лавовите знаат да бидат незгодни за останатите знаци. Овенот е совршен знак за Лавот поради природната страст и силата што ја носи во себе. Тој нема да се почувствува загрозен од страна на Лавот и ќе ја изрази својата љубов со елеганција и големина, а Лавот ќе возврати со иста мера.

Девица – Шкорпија

Не постои поголем перфекционист од Девицата и таа е често резервирана, но внимателна кон својот партнер. Скорпија е одличен избор за Девицата, поради интензивната емоционалност што ја носи во себе. Овие два знака се многу различни, но совршено се надополнуваат.

Вага – Близнаци

Вагата е роден дипломат и секогаш лесно ги решава конфликтите. Иако осаменоста ги вознемирува, тие по никоја цена не би завршиле со личност што нема да ги активира интелектуално. Секогаш љубопитна, Вагата ужива да се дружи и секојдневно да учи нови работи за луѓето. Близнакот со својата комуникативност е совршен знак за неа. Стабилноста на Вагата му помага на Близнакот да остане на земја.

НА НЕБОТО СЕ СЛУЧУВА РЕДОК НАСТАН, ВОЈНИКОТ ЈА СРЕЌАВА УБАВИЦАТА: Спој на планетите Марс и Венера од февруари, што значи тоа за вас?

Скорпија – Риби

Скорпијата е исклучително емотивна и одмаздољубива, а што и да прави, го прави со страст. Скорпиите имаат агресивна и доминантна страна кога станува збор за романтичните партнери, но кога ќе се поврзат со Риба, балансот си доаѓа на свое место. Покрај страста и моќта кои овој пар ги создаваат, она што всушност го прави овој пар непобедлив е силната интуиција.

Стрелец – Водолија

Стрелците се родени за да се движат и да патуваат. Потреба им е слобода за да преживеат. Ако некој сака да ги врзе за едно место, тие ќе заминат. Кој подобро може да го разбере ова од Водолијата? Овие два знака поседуваат подеднаква желба за слобода, а Водолијата ја зачинува врската со стабилност, отвореност и љубов кон авантури. Затоа овој пар никогаш нема да се соочи со монотонија.

Јарец – Девица

Јарците се амбициозни и посветени. Тие знаат што сакаат од животот и се фокусираат на тоа. Дури и во врските, тие даваат сѐ од себе, што е исто така причина зошто се обидуваат да се држат понастрана од врски – се плашат дека ќе бидат повредени. Дисциплираната Девица го разбира тоа и му помага на Јарецот да го одржи редот. Тие се крајно фокусирани и прават прекрасна целина.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (7-13 февруари): Стрес за Раковите, добри вести за Биковите, убави изненадувања за Скорпиите…

Водолија – Вага

Водолија веројатно е последната личност што ќе продолжи да протестира дури и кога сите ќе заминат. Овој знак е роден бунтовник и не трпи неправди. Желбата на Вагата за еднаквост е она што прави тие да се привлечат. Заедно ќе бидат посилни и Вагата малку ќе ја скроти дивата природа на Водолијата, пружајќи 1 го потребниот баланс.

Риби – Јарец

Овие два знака се два спротивни столба кои се привлекуваат силно. Рибите се фантазери и големи креативци, па го привлекуваат Јарецот кој е секогаш сталожен и на земја, бидејќи го инспирира и поттикнува да ги оствари своите соништа и да ризикува. Јарецот за возврат ќе им помогне на Рибите да ја видат и реалната страна и да не летаат премногу во облаците. Овие два знака совршено се надополнуваат, создавајќи моќна појава.

КАКО ИЗНЕВЕРУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: За Стрелецот тоа е неизбежно, Јарецот е пресметлив, а Близнаците предводници во изневерувањето

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....