7.8 C
Скопје
00:57 - 7 октомври, 2026

ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗНАЦИ НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ГИ ПРОМЕНИТЕ: Ќе ги изгубите

девојка

Иако во Зодијакот има многу знаци кои поради љубов се спремни да се променат или барем да се прилагодат, овие четири знаци никогаш нема да го направат тоа. Тие веруваат дека секој треба да биде таков каков што е, пишува „Атма“.

Бик

За овој земјен знак е многу важно партнерот да го прифати онаков каков што е и точно знаат што сакаат од партнерот и врската. Секој обид за промена може да резултира со прекин, но има еден исклучок од ова правило. Имено, доколку Бикот се вљуби кога е многу млад, тогаш е способен за значителни промени во карактерот и навиките. Но, ако веќе е изградена личност, тогаш ќе остане неподвижен како карпа. По природа се романтични и веруваат дека кога се во врска се развиваат заедно со партнерот. Кога ќе се вљубат ќе бидат верни до смрт. Исто така, оној во кој е вљубен, за нив е најубав на светот, а тоа е уште едно нешто што никогаш нема да се промени.

МЛАДА МЕСЕЧИНА НА 4.НОЕМВРИ: Магијата најсилно ќе делува на овие 4 хороскопски знаци!

Лав

Огнените лавови се создадени за љубов и ако ја немаат, како да сте им го „изгаснале“ сонцето. Бидејќи мислат дека сите ги сакаат такви какви што се, не гледаат причина за промена. За нив вистинска љубов е прифаќање на саканата личност со сите доблести и маани, а обидот да се промени не доаѓа предвид. Лавот е подготвен да прости и никогаш нема да бара партнерот да се откаже од некои свои принципи за да му угоди.

МЕРКУР ВО СКОРПИЈА: Овие 3 знаци ги очекува голема љубов

Скорпија

Скорпијата е воден и фиксен знак, што значи дека се чувствителни по природа и во исто време нефлексибилни. Најважно за Скорпијата е да биде автентична. Да се ​​менувате себеси за партнер е исто како да ѝ давате лажни комплименти. Тие се верни на себе и го очекуваат истото од другиот. Многу Скорпии претпочитаат партнер со богато животно искуство, кој е свесен за нивните желби и потреби и нема да бара од нив да се менуваат. За овој знак е многу секси и привлечно доколку партнерот се труди да научи што повеќе за нив.

ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ: Овие три хороскопски знаци се одлични домаќини и организираат фантастични забави

Водолија

Иако се познати по својата уникатност, слободоумност и револуционерни погледи на светот, тие не се меѓу оние кои сакаат да се менуваат кога е љубовта во прашање. За Водолијата сите луѓе се еднакви, што се одразува на тоа како се сакаат себеси и на кој начин треба да бидат сакани. Очекувањето од партнерот да се промени или да побарате од Водолијата да се промени значи дека нешто не е во ред со врската и дека не функционира. Цврсто верува дека љубовта не бара жртви. Повеќе би сакале да бидат сами отколку со некој кој се обидува да ги „подобри“.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....