-0.2 C
Скопје
00:20 - 19 декември, 2024

Неделен хороскоп (од 4 до 10 март): Љубов за Овните, пари за Раковите, важни вести за Јарците…

ОВЕН: ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!
Драг Овен, месец март започнува со прекрасна Венера во Водолија, подготвена да ви даде многу дополнителна среќа во областа на чувствата. Доколку сте сè уште сингл, не одбивајте покана која би можела да ве изненади… Поволна Месечина ќе имате во понеделник, четврток и петок, кога би можеле да пристигнат и добри вести во однос на работата. Нервозни денови пак, вторник и среда.

БИК: БАРАЈТЕ ДИЈАЛОГ СО ПАРТНЕРОТ!
Драг Бик, ова е прилично стресен период за вашиот знак, кој мора да го издржи двојниот неповолен транзит на Венера и Марс: има многу напнатост во областа на чувствата и често енергија и смиреност потребни се за да се има конструктивна дискусија со партнерот… Пробајте да разговарате стабилно во среќните месечеви денови – во сабота и недела. Обрнете внимание пак, на прилично нервозните денови четврток и петок.

БЛИЗНАЦИ: ВЕНЕРА ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС!
Драги Близнаци, вашата недела започнува со дефинитивно интересен понеделник, во кој Месечината ќе блесне во вашиот знак! Среќна Месечина и во четврток и петок. Ако во сферата на работата може да доживеете моменти на напнатост или привремена блокада, во делот на чувствата можете да сметате на прекрасна поволна Венера, подготвена да ви даде многу љубов и страст.

РАК: УБАВО НЕБО!
Драг Рак, убавото поволно небо ви помага да го решите работното прашање кое ви е при срце. Меркур и Јупитер во добар аспект ветуваат успех на професионален план. Сепак, бидете внимателни во вторник и среда, кога Месечината во опозиција може да создаде неуспеси или да доведе до уште некои дискусии. Особено среќна и романтична Месечина- во сабота и недела.

ЛАВ: ЉУБОВНИ ПРОБЛЕМИ…
Драг Лав, љубовта ви носи тешко време: Венера во опозиција дозволува сите оние тензии и незадоволства кои долго време тлеат да се појават во вашиот љубовен живот… дојде време да се соочите со проблемите со партнерот без да се вознемирувате и без да драматизирате! Внимавајте на деновите четврток и петок, кога и Месечината ќе биде во опозиција, а нервозата ќе ви биде на врвот… Подобро да се фокусирате на среќниот месечев ден – понеделник.

ДЕВИЦА: СТРЕСНА НЕДЕЛА…
Драга Девица, за жал и оваа недела ќе мора да се справите со спротивставеноста на планетата Меркур, која – заедно со Сатурн, исто така во опозиција – ви поставува дополнителни пречки на патот, особено од професионална гледна точка… Дури и животот на приватен план, од друга страна, може да биде засегнат: помеѓу сабота и недела, кога и Месечината ќе биде во опозиција, може да настанат дискусии и тензии во семејството.

ВАГА: СО МОЌТА НА ВЕНЕРА!
Драга Вага, месецот март започнува за вашиот знак со поволниот транзит на Венера во „пријателскиот“ знак на Водолија: љубовта ќе биде во центарот на вашите денови, а близината на посебна личност ќе ви ги даде сите позитивни енергии, па лесно ќе ги надминете малите неочекувани настани и грижи на работа… Од оваа гледна точка, особено внимавајте на нервозните денови вторник и среда.

СКОРПИЈА: НАПРЕГНАТА НЕДЕЛА…
Драга Шкорпија, вашата недела ветува дека ќе биде доста стресна, особено во однос на врските… Марс и Венера во неповолна положба создаваат триење и напнатост како со партнерот, така и со семејството: трудете се секогаш јасно да ја искажувате својата гледна точка, и не чувајте сè внатре, во себе, зашто ризикувате да страдате уште повеќе! Обрнете особено внимание на четврток и петок, кога и Месечината ќе биде неповолна.

СТРЕЛЕЦ: НЕОЧЕКУВАНИ НАСТАНИ
Драг Стрелец, вашата недела започнува со дефинитивно нервозен понеделник, во кој Месечината ќе биде во опозиција. На работа може да наидете на некои неочекувани настани. Среќна Месечина пак, во четврток и петок. Во љубовта можете да сметате на заштитата на Венера, која гарантира соучесништво и разбирање со вашот сакан/а. Меркур во неповолна положба може да донесе одредени забавувања во вашите проекти…

ЈАРЕЦ: СО МЕСЕЧИНАТА ВО ЗНАКОТ!
Драг Јарец, оваа недела може да сметате на суперсреќна Месечина во вторник и среда, кога би можеле да пристигнат важни вести за работното место… До средината на март ќе доживеете многу важно задоволство, под услов да не е веќе пристигнато во последните недели… конечно дојде време да ги жнеете плодовите од вашата напорна работа!

ВОДОЛИЈА: ТЕШКО ДА ВИ СЕ ОДОЛЕЕ
Драга Водолија, Марс и Венера продолжуваат со својот транзит во вашиот знак и ви даваат неспоредлива сила и заводлива моќ! Тешко ќе се одолее на вашиот шарм. Оние кои се веќе во пар ќе доживеат емоции кои долго време не ги почувствувале, додека за слободните може да има средби за паметење, особено во деновите на Месечината во конјукција, четврток и петок. Може да има и некои интересни мали вести кои доаѓаат на работа…

РИБИ: СРЕЌНА НЕДЕЛА!
Драги Риби, оваа прва недела од март ќе биде дефинитивно среќна за вашиот знак, кој може да смета на Сонцето, Сатурн и Меркур во конјукција! Нешто конечно ќе почне да се движи во позитивна насока, особено на работното место: ако чекате одговор или унапредување, конечно може да пристигне. За некои, сепак, тоа ќе биде започнување нова возбудлива авантура… Јупитер ви помага да ги остварите вашите соништа: сè што треба да направите е да се обидете!

Најлошите навики на хороскопските знаци: Скорпијата ќе ве прислушкува, Стрелецот ќе си замине без збогум

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....