3.8 C
Скопје
23:07 - 26 декември, 2024

Неделен хороскоп (2-8 јануари): Љубов за Раковите, пари за Лавовите, одлични вести за Стрелците и Овните…

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот Јарец за да влезе во Водолија… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: Одлична вест!
Драг Овен, оваа прва недела од 2023 година носи одлични вести за вашиот знак: планетата Венера веќе во вторник нема да биде во неповолна положба, туку ќе дејствува во ваша корист! Аково љубовта имавте тешкотии во последните неколку недели, сега конечно ќе можете да најдете разбирање со партнерот. Денови на среќна Месечина: вторник, среда и четврток. Нервозни денови: петок и сабота.

Бик: неповолен транзит…
Драги Бикови, за жал оваа недела Венера ќе изврши неповолен транзит кон вашиот знак: почнувајќи од вторник, планетата на љубовта ќе ви го сврти грбот, што во следниот период ќе донесе кавги и недоразбирања во вашиот живот во пар. Во понеделник можете да сметате на убавата Месечина која може да ви донесе добри вести. Работната средина ја фаворизира планетата Меркур, па така – само напред!

Близнаци: одлично!
Драги Близнаци, оваа недела планетата Венера повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви овозможи многу интересен почеток на 2023 година кога се работи за љубовта… Нема да недостасуваат средби за паметење, особено за слободните. Супер среќни денови се вторник, среда и четврток, кога во вашиот знак ќе светне прекрасната Месечина. Марс, исто така во поволен апсект, ви дава сила и енергија.

Рак: љубовта ви се насмевнува!
Драги Ракови, 2023 година се отвора со одлични вести за вашиот знак: од вторник планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција! Љубовните болки кои моравте да ги трпите во последниот период ќе ви станат само далечен спомен и ќе можете да си ја поправите важната врска. Сепак, некои тешкотии ќе имате на полето на работата, ставени на тест од спротивставувањето на Меркур и неповолниот транзит на Јупитер.

Лав: Венера во опозиција
Драги Лавови, за жал, оваа прва недела од 2023 година носи непријатен транзит за вашиот знак: почнувајќи од вторник – планетата Венера ќе влезе во опозиција. Во следните недели ќе има дискусии во вашиот љубовен живот и некои од вас би можеле да доживеат момент на длабока криза во врската. Од друга страна, сферата на работа, е заштитена од Јупитер, и ви носи многу среќа и пари.

Девица: многу замор
Драга Девица, оваа прва недела од 2023 година носи новости, особено на полето на работата, кои ќе бидат фаворизирани од планетата Меркур: подгответе се да искористите одлична можност! Марс во неповолна положба продолжува да прави да се чувствувате под стрес и многу уморни , особено во вторник, среда и четврток, кога исто така ќе мора да ја истрпите Месечина во неповолна положба. Среќна Месечина ќе имате во петок и сабота!

Вага: со наклонетоста на Венера!
Оваа недела планетата Венера конечно повторно ќе биде активна во ваша корист! Ако љубовта во месец декември ви носеше тешки мигови,  сега ќе можете да најдете малку спокојство во вашиот живот. На работа, за жал, и понатаму има потешкотии предизвикани од спротивставувањето на Јупитер и неповолната положба на планетата Меркур. Искористете ги среќните денови на Месечината: вторник, среда и четврток.

Скорпија: љубовни проблеми…
Драга Шкорпија, почнувајќи од вторник, за жал, планетата Венера ќе ви го заврти грбот: овој почеток на 2023 година ветува дека ќе биде прилично комплициран во сферата на чувствата… Среќа, сепак, че имате на работа, каде можете да сметате на фаворизирањето на планетата Меркур, подготвен да ви гарантира состаноци и одлични деловни можности. Месечината во опозиција ќе биде во понеделник, и ќе ви донесе малку нервоза, внимавајте.

Стрелец: добри вести!
Драг Стрелец, вашата 2023 година се отвора со добри вести: почнувајќи од вторник, планетата Венера повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви ја даде сета љубов што ја заслужувате! Емоциите и многу, многу страст сигурно нема да изостанат во наредните недели… Сепак, останува уште малку замор поради противењето на Марс кое особено ќе биде нагласено во вторник, среда и четврток.

Јарец: догледање, Венера!
Драг Јарец, оваа недела планетата Венера ќе се откаже од вашиот знак откако ви го подари крајот на годината целосно посветен на љубовта и страста… Сепак, не грижете се: нејзиното благотворно влијание ќе ја штити вашата врска уште долго време. Добри вести и интересни состаноци на работното место благодарение на наклонетоста на Меркур. Внимавајте само на Месечината во опозиција која ќе ви донесе нервозни денови – петок и сабота.

Водолија: добредојде, Венера!
Драга Водолија, дали сте подготвени да ја пречекате планетата на љубовта во вашиот знак? Веќе во вторник, Венера ќе застане цврсто на ваѓа страна подготвена да ви гарантира почеток на 2023 година во име на страста! Ако сте слободни, подгответе се да запознаете некој посебен/а. Од друга страна, оние кои се во долгогодишна врска би можеле да донесат важни одлуки… Среќна Месечина помеѓу вторник и четврток. Нервозна Месечина- во недела.

Риби: ниска енергија
Драги Риби, 2023 година се отвора во име на уморот за вашиот знак, тестирана од долгиот неповолен транзит на Марс. И покрај недостатокот на енергија, сепак, ќе има добри можности, загарантирани со Меркур активен во ваша корист. Најсреќните денови во неделата ќе бидат понеделник, петок и сабота, кога ќе можете да сметате на убавата поволна Месечина. Нервозни денови – вторник, среда и четврток.

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....