10.8 C
Скопје
13:12 - 29 март, 2026

Не сакаат само една личност: Три хороскпски знаци кои се родени срцекршачи

Астролозите наведоа три знаци од Зодијакот кои не се создадени за сериозни и долги врски. Тие се многу нестабилни кога се емоциите во прашање, па денес тие можат да бидат со вас, а утре – со некој друг.

Еве кои се предводници на листата.

Близнаци

Претставниците на оваа хороскопска констелација се во врска се додека сè им одговара. Но, штом тие и нивниот партнер почнат да имаат конфликти, недоразбирања, кавги, ќе почнат да бараат љубов на страна. Инаку, Близнаците нема веднаш да го напуштат партнерот, бидејќи си бараат сигурна „даска“ за да стапнат пред да го напуштат бившиот партнер. Едноставно тие не можат да бидат сами со себе. Како и да е, овој знак на Зодијакот е шампион во склоност кон неверство.

Вага

Овој знак на Зодијакот мрази осаменост, треба постојано да биде во општеството и да се опкружува со луѓе. Би требало откако ќе ја најдат својата сродна душа, да останат во врската и да уживаат во животот заедно. Но, во реалноста не е се така. Вагите сакаат да флертуваат, да одат по тенок мраз и да чувствуваат зголемен адреналин. Затоа во врските прават бројни неверства.

Риби

Овој знак на Зодијакот не знае да каже „Не!“ Затоа, ако на Рибите им се понуди да излезат на состанок, тие веднаш ќе се согласат. Треба да се напомене дека ова е многу чувствителен знак. Доколку чувствува поврзаност и „хемија“ со друга личност, може да завршат во кревет уште на првиот состанок. Секако, веднаш ќе дознаете за тоа, бидејќи Рибите воопшто не можат да лажат. Иако ќе ви го скршат срцето, ќе станете посилни и ќе научите подобро да ги разбирате луѓето.

Лавина од стресови: Четири хороскопски знаци треба итно да стават кочница

Слични објави

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....