0.8 C
Скопје
07:43 - 27 декември, 2024

Љубовна астрологија: Откријте колку е љубоморен вашиот хороскопски знак

љубов

Што мислите, колку е љубоморен вашиот знак и како оваа карактеристика влијае врз вашиот љубовен живот? Според астрологијата, Скорпиите и Раковите се први на листата за љубомора, додека пак, Водолиите се на самото дно. Што мислите вие?

Овен
Овните се прилично љубоморни, далеку над она кое би можеле да го наречеме нормално. Но, на тој начин тие и покажуваат колку се грижат за својот партнер. Тие се страсни во љубовта, па затоа имаат и толку силни љубоморни испади.

Бик
Умерената љубомора е карактеристична за овој знак, но тие не сакаат да ја чувствуваат бидејќи им е многу напорна. Биковите сакаат стабилни врски во кои нема да имаат причина за љубомора. Сепак, таа понекогаш ги надвладува и тие брзо преминуваат во категоријата на натпросечно љубоморни.

Близнаци
Тие не се претерано љубоморни, бидејќи и самите сакаат да флертуваат и да бидат во центарот на вниманието. Како причина за љубомора, не ги сметаат туѓите погледи кон партнерот, како ни неговото/нејзиното дружење со спротивниот пол. Но, кога се случува да ги обземе љубомора, тие знаат да бидат досадни со прашања и коментари.

Рак
Раковите се многу љубоморни. Тие се наоѓаат на второто место, веднаш зад Скорпиите кои се најлоши. Раковите бараат многу од врската, но исто така се и лојални. Тие се склони на драма и преувеличување па токму затоа и знаат да помислат дека се во лоша врска, иако реално тоа може да не е вистина.

Лав
Припадниците на овој знак имаат проблеми со големи дози љубомора, но тоа се обидуваат да го скријат на сите можни начини бидејќи истовремено имаат и проблем со егото. Сепак луѓето кои добро ги познаваат веднаш ги забележуваат овие нивни карактеристики. Нивната љубомора понекогаш толку многу нема смисла, што може дури да биде и духовита.

Девица
Девиците се малку љубоморни, бидејќи се многу лојални и разбираат дека и нивниот партнер е таков. Но, ако во нешто се посомневаат, ненаметливо ќе обрнат внимание на деталите на однесувањето на партнерот со цел да можат да ги сложат сите делови од сложувалката.

Вага
Според количината на љубоморните испади, во однос на другите знаци, Вагите се точно во средината. Тие не се ниту премногу, ниту премалку љубоморни. Дури и во тој аспект од животот се неодлучни.

Скорпија
Најљубоморниот знак во зодијакот е Скорпијата, а причината се наоѓа во начинот на кој тие го гледаат светот. Бидејќи во сè се сомневаат, тие се често и љубоморни. Припадниците на овој знак, иако самите знаат дека зрачат со силен сексапил, ќе имаат проблем ако на истиот начин го доживуваат и својот партнер. Тие се најсреќни во врска со личност која е спремна целосно да им се посвети.

Стрелец
Стрелците ретко ги опфаќа љубомората, бидејќи и самите имаат проблеми со верноста. Исто така, тие се многу активни и друштвени, па немаат ни време ни волја да се нервираат со неа. За нив совршено стабилна врска е онаа од која повремено можат да одлутаат во флерт и да не се сметаат одговорни за тоа.

Јарец
Кај нив постои мала љубомора, едвај забележлива. Припадниците на овој знак цврсто стојат на земја, посакувајќи стабилна врска па затоа се и склони кон доверба, исто како и Девиците. Тоа значи и дека му веруваат целосно на својот партнер, бидејќи и самите се личности од доверба.

Водолија
Водолиите се најмалку љубоморниот знак во зодијакот. Нив толку ретко ги фаќа љубомора што понекогаш нивните партнери се прашуваат дали воопшто тие ги сакаат. На Водолиите како сè да им е рамно. Тие се несигурни во себе, па затоа знаат и да одлутаат во вонбрачни врски.

Риби
Припадниците на овој знак се прилично љубоморни, многу повеќе од Бикот и Вагата, но помалку од Скорпијата, Ракот, Овенот и Лавот. Тие се склони на долги и стабилни врски и многу се нервираат кога нешто ќе им ја наруши таа концепција. Тие се искрени, па затоа имаа тенденција за време на своите љубоморни испади да кажат нешта кои не ги мислат.

Збогум сиромаштијо: Три хороскопски знаци набрзо ќе ја решат финансиската ситуација на многу подобро

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....