-1.2 C
Скопје
04:24 - 22 ноември, 2024

Љубовен викенд хороскоп (18-20 ноември): Лавот да се воздржи од флерт, Девицата да не „падне“ на подароци, Скорпиите ќе добијат обожавател…

Што ве очекува овој викенд на љубовен план? Проверете што ви подготвија ѕвездите. 

Овен

Заедничките активности ќе помогнат да го надминете студот во врската, доколку веќе постои. Каприците на партнерот се обид да привлечат внимание. Не ги сфаќајте премногу сериозно. Партнерот ќе се обиде да ви ги наметне своите ставови, а подобро би било да најдете компромисно решение.

Бик

Ќе добиете желба да се осамите, но задолжително објаснете му на партнерот за да ве разбере и да нема поплаки против вас. Викедов ќе има одлични услови за објаснување на важни прашања со вашата сродна душа. Ќе биде погрешно да ја испрашувате вашата сродна душа за нејзиното минато ако таа не е подготвена за тоа да разговара.

Близнаци

Не го оставајте партнерот целосно без ваше внимание, во спротивно тој/таа ќе стане едноставно неподнослив/а и многу каприциозен/а. Во исто време, младите парови може да имаат несогласувања врз основа на разлики во ставовите за заедничка иднина. Обрнете внимание на фактот дека сексот не треба да биде факторот кој влијае на вашите одлуки.

Рак

Врските на далечина за време на викендот ќе биде доста тешко да се одржуваат на хармоничен начин. Бидете внимателни кога разговарате за вашата романтична врска со другите, бидејќи оваа информација може да ја користат „душебрижниците“ против вас. Слободните имаат големи шанси да запознаат личност која ќе им стане сродна душа.

Лав

Покажете воздржаност во сексуалната сфера, бидејќи вашата сакана личност се уште не е подготвен/а за она што го сакате. Сепак, не разочарувајте се, ќе треба да покажете трпение, и да си овозможите дополнителна блискост.

Девица

Подароците ќе ви бидат одлична алатка за воспоставување романтична врска, односно начин да засакате некоја личност која до сега не ви значела многу. Но ѕвездите ви порачуваат да не дозволите никој ниту да ве купува ниту да ве манипулира.

Вага

Погрижете се да имате корист од искуството што ќе го добиете овој викент. Некоја заборавена љубов ќе се обиде да ве врати, па не се исклучени изненадувања и длабоки размислувања. Не е неопходно да му дадете шанса на она што веќе поминало.

Скорпија

Со голема веројатност ќе се појави обожавател чие внимание ќе ви биде непријатно. Не давајте никому ветување за нешто во што се сомневате дека ќе го исполните. Најпосле, нема ништо лошо во тоа викендов само да се забавувате без да сфаќате ништо сериозно.

Стрелец

Голем број настани може да ви ја уништат романтиката овој викенд. Ако вашиот партнер почне да инсистира на пауза во врската, треба да го убедите во спротивното користејќи го мотото „далеку од очи далеку од срце“. Доколку е потребно, вреди да се консултирате со роднините, тие ќе предложат излез од тешка ситуација.

Јарец

На самиот крај на неделата може да излезе стар конфликт, но успешно ќе се справите со него. Не се потпирајте на шаблони кога станува збор за чувства. Врските во кои двајцата партнери долго време инвестирале ќе достигнат ново ниво. Не потпирајте се на надворешни настани за подобрување на вашата врска, се е само во ваша моќ.

Водолија

Во присуство на домашни несогласувања, би било мудра одлука да попуштите пред партнерот, а не да ја искривувате дополнително сликата и да се служите со лаги. Осамените пак, треба д абидат внимателни при средба со лица од спротивниот пол, бидејќи постои ризик да станат жртва на нечии интриги.

Риби

Слободно прашајте го партнерот што ве интересира, во спротивно ќе станете многу оддалечени. Можна е средба со поранешни романтични партнери, тешко ќе ја поднесете. Старите незадоволства одеднаш може повторно да се појават во врската…затоа немојте да гаите надежи.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....