3.8 C
Скопје
22:31 - 20 декември, 2024

Кој ќе биде најсреќниот ден во 2022 година за вашиот хороскопски знак?

среќа

По неколку астролошки тешки години, се предвидува дека 2022 година ќе биде голема оддишка. Јупитер влезе во знакот Риби, тоа значи дека оваа календарска година, астролошки гледано, ќе биде многу попозитивна од претходните.

Астролозите ги издвоија најсреќните датуми за секој знак од Зодијакот, а  нивните предвидувања изгледаат вака.

Овен – 24 мај

Ретко имате проблем да се впуштите во нешто ново, но на 24 мај 2022 година, сè што ќе започнете ќе ви се исплати повеќекратно. Ќе ја имате поддршката од Марс, Месечината и Јупитер – нема да ви недостасуваат среќа, страст и мотивација.

ПОЛНИ СО САМОДОВЕРБА: На овие четири хороскопски знаци никој ништо не им може!

Бик – 25 октомври

Целата 2022 година ќе биде година за паметење за вас. Но, затемнувањето на Сонцето во знакот Скорпија ќе се случи на 25 октомври, што најавува важен ден за Биковите во емотивните врски. Некои од вас може да се верат или да се венчаат, а некои да се заљубат доживотно или да запознаат личност која ќе им го освои срцето.

Близнаци – 20 јуни

Меркур ќе биде во добар аспект со Јупитер, па ако сакате да направите добра промена во кариерата, одберете да разговарате со претпоставениот на 20 јуни 2022. Овој разговор ќе биде плоден и успешен за вас.

Рак – 13 ноември

Сонцето, Меркур и Венера внесуваат магија во животот на луѓето родени во овој воден знак. Оставете го минатото зад себе и зачекорете во иднина која ветува големи промени не само на деловен, туку и на емотивен план.

КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЗНАЧИ Ѝ КРАЈ НА ЉУБОВНАТА ВРСКА: Овие три хороскопски знаци се спремни за разделба и нов живот!

Лав – 28 јули

Ова е идеален ден за почеток на нешто ново, бидејќи положбата на планетите ќе ве поддржи максимално. Изберете дали ќе ја смените работата, партнерот или соло емотивниот статус – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.

Девица – 2 март

Младата Месечина ќе ја активира вашата куќа на љубовните врски, па доколку сте сами, очекувајте дека наскоро ќе го промените вашиот емотивен статус. Доколку сте во емотивна врска или брак, „другата половина“ ќе ви покаже колку ѝ значите на начин што не сте можеле да замислите. Ќе бидете воодушевени!

Вага – 19 октомври

Венера се придружува на Сонцето во вашиот знак, што најавува дека максимално ќе ги искористите сите можности за помирување со луѓето со кои долго време не се согласувате. Исто така, тоа ќе биде многу поволен ден за љубовта и ако сте сами ако сте во врска или брак.

РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР: На овие знаци бившите ќе им „излезат од нафталин“!

Скорпија – 25 јануари

Промената по која копнеевте конечно доаѓа. Нема да можете да поверувате дека се за што сте сонувале во претходниот период ќе ви се случи за еден ден. Многу Скорпии ќе се вљубат во најдобар пријател или ќе дознаат дека некој близок пријател е вљубен во нив.

Стрелец – 17 август

Овој датум е веќе впишан со златни букви во календарите на сите лица родени во овој огнен знак. Конечно ќе ги раширите крилјата и енергично ќе почнете да спроведувате промени на работа, во семејниот и емотивниот живот. Ѕвездите ќе ви бидат ветер во грб за да направите се точно како што сте замислиле, без никакви тешкотии.

Јарец – 25 септември

Кога ви оди на работа, велите дека вашиот живот е совршен.Оваа година, на 25 септември, ќе има голема позитивна промена во вашата кариера. Или ќе добиете значително покачување, или ќе се преселите на подобро платено и рангирано работно место или ќе започнете сопствен бизнис во кој ќе бидете многу успешни. Во исто време, во вашиот живот ќе влезе личност која ќе ве натера да ги ставите љубовта и работата на исто ниво.

ЉУБОВНИТЕ ВРСКИ И ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Се сакаат и мразат, но не можат еден без друг!

Водолија – 6 март

Романтиката има посебно место во вашиот живот, но вие многу често немате силни емотивни врски затоа што сте водени од стравот, бидејќи приоритет ви е партнерот на прво место да ви биде добар пријател. Годинава тоа донекаде ќе се смени – на 6 март 2022 година, многу Водолии толку многу ќе се вљубат што ќе го изгубат тлото под нозете. Со среќа!

Риби – 26 април

Родените во овој воден знак ќе имаат неверојатно добра година која ќе биде успешна на сите полиња – на деловен, љубовен, пријателски и семеен план. Но, 26 април, астролозите го издвојуваат како датум кога Рибите би можеле да се соочат со неверојатни можности, особено на полето на машко-женските односи. Овој датум веројатно ќе ви го промени текот на целиот живот!

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....