2.8 C
Скопје
19:32 - 20 декември, 2024

КОИ СЕ АВТОДЕСТРУКТИВНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО ВРСКА: Најголем непријател самиот на себеси

љубов

Автодеструктивното однесување е израз на нашата темна страна, која произлегува од ниска самодоверба, па дури и омраза кон себе. Доаѓа во многу форми, и затоа најдобро е да се соочите со вашите демони и да ги гледате директно во лице, пишува „Атма“.

Еве кој во Зодијакот е најмногу склон кон автодеструкција во врските:

Скорпија

Од сите знаци, Скорпиите први „пукаат“ во врска. Не се уништуваат само себе, туку и оние околу себе. Иако се полни со љубов, поради што и привлекуваат, тие имаат навика да бидат премногу посесивни и љубоморни во врската.

ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ МЕЃУ СЕБЕ: Дали се согласувате?

Бик

Како и Скорпијата, Бикот е познат по својата страст. Имаат необична способност да ги маѓепсат луѓето и да ја привлечат нивната симпатија. Понекогаш најдобро е да дозволите страста да го извлече најдоброто од вас, наместо да бидете премногу опсесивни во врската до дочка на гушење.

Близнаци

Близнаците може да изгледаат многу енергично. Секогаш успеваат да проектираат слика на позитивност и неограничена енергија. Меѓутоа, внатре работите не се баш такви. Најчесто се борат со вознемиреност, несигурност и недоверба и тоа влијае на динамиката на врската. Главниот проблем е неможноста да се отворат пред другите кога станува збор за нивните проблеми.

ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ? Ова се хороскопските знаци кои секогаш мислат позитивно!

Лав

Познат како одличен партнер кога работите се нови и свежи. Секогаш зрачи со чувство на возбуда и радост кога врската е „пресна“. Но, кога ќе навлезат подлабоко во врската, демоните на гордоста и суетата почнуваат да се појавуваат и предизвикуваат проблеми.

Рак

Тие се генерално многу чувствителни и конзервативни. Исто така, тие се многу експресивни кога станува збор за емоциите и луѓето секогаш знаат на што се со нив. Сепак, имаат навика да се лутат долго време. Тешко ги забораваат расправиите и несогласувањата со партнерот.

ФЛЕРТОТ ИМ ОДИ ОД РАКА: Најзаводливите хороскопски знаци

Девица

Тие си се најлош непријател кога станува збор за врските. Додека на самиот почеток знаат како да управуваат со врската, умот подоцна едноставно ги изневерува. Премногу размислуваат, ги анализираат работите и поради тоа завршуваат заглавени во деструкција.

Овен

Кога ќе помислите на припадниците на овој знак, автоматски помислувате на љубов. Секогаш кога ќе ги сретнете изгледаат како да се секогаш вљубени. Овенот отворено ги покажува своите чувства и љубов. Сепак, она што на крајот доведува до распаѓање на врската е неможноста да се посветат и да останат верни само на една личност.

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈМОЌНИ ЗНАЦИ НА ЗОДИЈАКОТ: Навистина е невозможно да ги надмудрите

Вага

За нив не е карактеристична автодеструктивност во врската. Знаат што треба да се стори за да потрае врската, но тоа не им изгледа природно на луѓето околу нив. Се обидуваат да задоволат премногу луѓе одеднаш и забораваат да си постават приоритет.

Јарец

Во повеќето случаи, Јарецот е многу сигурен кога е во врска. Тој е многу стабилен, безбеден и мирен дури и за време на ситуации што предизвикуваат голем притисок. Не толерира глупост и никогаш не се плаши да каже што мисли. Не толерира луѓе кои не ги сфаќаат работите сериозно. Единствен недостаток кај припадниците на овој знак е тоа што се родени песимисти и негативци.

ЛАВОВСКО СРЦЕ: Еве кои се четирите најхрабри хороскопски знаци

Водолија

Недостатокот на емоции е она што навистина ја прави Водолијата добар партнер во врската. Тие се многу паметни и аналитични, па знаат како да излезат од некоја ситуација во врската без многу мака. Единствената пречка е тоа што не се подготвени да се поврзат со партнерот на повеќе лично и емоционално ниво.

Стрелец

Секогаш зрачат со среќа, радост и оптимизам. Сакаат да пренесуваат позитивни вибрации на луѓето што ги среќаваат. Тие само треба да се погрижат да го задржат оптимизмот под контрола.

Риби

Од сите хороскопски знаци, Рибите се најмалку автодеструктивни. Навистина знаат како да одржуваат балансирана врска. Чувствителни се, емотивни и искрено сакаат. Знаат како да изразат љубов и интимност на вкусен начин. Ако некогаш дојде до раскинување, ретко се виновни за тоа.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....