5.8 C
Скопје
02:39 - 29 март, 2024

КОГА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ БИ ИМАЛЕ СУПЕР МОЌ: Каква моќ би поседувале?

бетмен

Секој знак на Зодијакот е особено добар во нешто и за таа особена карактеристика би можеле да кажеме дека тоа е неговата супер моќ, пишува „Атма“.

Овен – Неограничена енергија

Она што би можело да ги дефинира припадниците на овој знак како суперхерои е дефинитивно нивната неограничена енергија. Кога имаат цел за која навистина се грижат, одеднаш можат да се движат „побрзо од куршум“, не мора да спијат, не им текнува ниту да јадат, сè за да го добијат она што го сакаат.

Бик – Суперсила

Изреката „силен како бик“ постои со причина и ако припадниците на овој знак би имале само една моќ, таа сигурно би била суперсила. Ова не се однесува само за физичката сила, туку и за емоционалната, бидејќи Бикот може да издржи предизвици и да се справи со тешките ситуации подобро од сите други членови на Зодијакот.

Близнаци – Апсорбирање информации

Она што е фасцинантно кај Близнаците е тоа што можат да апсорбираат многу податоци за кратко време. Нивната ментална енергија и капацитет на мозокот се вистинско чудо.

Рак – Моќ на емпатија

Ако припадниците на овој знак имаа моќ, тоа дефинитивно ќе биде способноста за неверојатна емпатија што ја поседуваат. Тие се способни да ги сфатат и разберат скоро сите човечки мотиви околу себе и можат да се поврзат со секоја емоционална состојба во која човек може да се најде. Покрај луѓето, тие лесно можат да воспостават врска со растенија и животни.

Лав – Господар на огнот

Моќта што ја добиваат од Сонцето, заедно со нивниот темперамент, ги прави припадниците на овој знак господари на огнот. Тие можат да ги заштитат своите најблиски со својот оган и да ги „изгорат“ непријателите ако им се приближат.

Девица – Човечко торнадо

Во светот на суперхероите, брзината и интензитетот што ги красат припадниците на овој знак би ги претвориле во човечко торнадо. Тие размислуваат пет чекори напред и знаат да внесат конфузија во својата околина. Доаѓаат како торнадо и си заминуваат пред некој да сфати што сака, но секогаш го добиваат она за што дошле.

Вага – Менување на формата

Вагите имаат неверојатна моќ на адаптација и како суперхерои, припадниците на овој знак би имале моќ да ја менуваат формата. Тие можат да се прилагодат на луѓето, околината, ситуациите и поради нивната моќ можат да го доживеат животот преку различни позиции и форми.

Скорпија – Читатели на души

Никој не може да чита нечија душа како што можат Скорпиите – тоа би била нивната супер моќ. Поради нивната аналитичност, логично расудување и перцепција, со само еден поглед можат да видат подобро од сите други, што чувствува другиот, што го повредува и каков е „внатрешно“.

Стрелец – Детектор на лаги

Припадниците на овој знак многу лесно можат да ја извлечат вистината од некого и нивната супер моќ би била да откриваат лаги. Тие се во состојба да ги извлечат дури и најскриените тајни од своите соговорници со ситни манипулации и да разберат кои се нивните вистински намери.

Јарец – Управувач на мисли

Тие имаат огромна ментална сила и истрајност благодарение на што можат да управуваат со другите и нивните одлуки. Нивната супер моќ би била контрола на умот. Со различни тактики, можат да го наметнат своето мислење на другите и да ги натераат да прават што и да замисли Јарецот.

Водолија – Невидливост

Во светот на суперхероите, нивната моќ би била невидливост. Способноста да исчезнат од некои ситуации што не им одговараат е едноставно зачудувачка. Поради нивната моќ, тие би можеле непречено да патуваат низ светот и да доживеат неверојатни ситуации.

Риби – Креатори на светови

Способностите на Рибите за сонување се неспоредлив и во светот на суперхероите тие би биле тие што ќе можат да создадат нови светови со својата имагинација. Таа моќ ќе им даде можност да бидат владетели на световите на фантазијата!

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....