3.8 C
Скопје
06:10 - 21 декември, 2024

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ ОДНЕСУВААТ СО БИВШИТЕ ПАРТНЕРИ: Едни исчезнуваат засекогаш, други остануваат пријатели, трети – тешко простуваат….

Како се однесувате со вашите „екс“ партнери кога љубовната приказна ќе заврши? Зависи од тоа под кој хороскопски знак сте родени.

Овен

Вие сте „екс“ кој исчезнува. Всушност, штом врската ја завршите веќе не постои ваш – поранешен партнер. Тој/таа не ви недостасува. Веднаш штом ќе заминете од љубовната приказна, подгответни сте да влетате во нова, секако, тоа ќе биде нешто не многу сериозно. Обично, чувството на повреденост е посилно отколку чувството на тага по разделбата. И вие да сте виновни за разделбата, не е важно – вие сте повредените. Во секој случај, како „екс“ не правите драми.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Тој/таа ќе се најде „случајно“ во близина на училиштето/ работното место/ барот кадешто секогаш одите со своите пријатели. Но, за вас оваа срдба ќе се сведе на два збора – здраво и чао.

Бик

Вие сте „екс“ кој останува пријател. Со секоја ситуација се соочувате со логика, па кога ќе сфатите дека не сте подготвени да го поминете остатокот од животот заедно, одеднаш престанувате да се грижите за врската. Вашата стабилна и сигурна природа овозможува често да останете пријатели со вашите поранешни партнери. Од друга страна пак, сте тип кој тешко дека бившите партнери бргу го забораваат, обично по разделбата со вас тие размислуваат за втора шанса. Штом заврши љубовната приказан за вас, брзо ќе се утешите со шопинг на нова гардероба.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Го гледате речиси секој ден, откако ќе се залечат раните и  откако тој/таа ќе престане да го оживува вашиот заеднички љубовен живот.

Близанци

Вие сте „екс“ кој се повлекува, па се враќа. Вие сте авантуристички расположени и отворени, и за вас разделбата не е ништо страшно. Кај вас тешкотијата паѓа единствено на донесување на одлука да прекинете. Но, проблемот е што често, по извесно време, знаете да се премисите и почнувате со вашиот „екс“ партнер интензивни и „тешки“ разговори за возможно оживување на врската. Тоа враќање може да биде и по многу долг период. За да ги надминувате честите враќања, треба да разговарате на темата „екс“ со вашите пријатели, а уште подобро е да се опкружите со многу љубов и сами да се уверите дека надвор има многу позабавни и попривлечни од вашиот „екс“ партнер.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Ќе го повикате на кафе, колку да се распрашате како е, или да го убедите дека подобро е пак да сте заедно. Впрочем, ако директно не го пршате, како би знаеле до каде е со емоциите?!

Рак

Вие сте „екс“ кој веднаш ќе го блокира својот поранешен партнер на социјалните мрежи. Затворањето на љубовната приказна е навистина тешко за вас, бидејќи вие сте оној кој чувствува навистина интензивни и длабоки емоции. Најпосле, познати сте во Зодијакот како најлојални и најгрижливи, па прекинот на врската го разбирате како лична повреда. Веројатно, по разделбата ќе напишете повеќе смс-пораки или писма, адресирани до вашиот екс партнер, но нема да ги испратите, од страв тој/таа да не помисли дека сте побудалеле. А, вие и навистина сте „побудалеле“.  Не престанувате да ги гледате старите, заеднички фотографии, но не пропуштате ни ден а да не „ѕирнете“ во неговиот Фејсбук профил (преку профилите на Вашите пријатели) за да видите дали сеуште е сам/сама или веќе е во нова врска.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Никогаш, бидејќи вие сте подготвени да ги промените сите стари навики за да не ризикувате да го сретнете повторно.

Лав

Вие сте „екс“ со повредено его. По разделбата, не сте баш „надвор“ од себе.  Всушност, изгледате како да не се грижите за ништо. Во себе се убедувате дека вашиот „екс“ воопшто не ве заслужувал и дека воопшто не бил/а ништо посебно. И брзо сте убедени дека заслужувате многу повеќе, некој/а што ќе ја знае вашата вистинска вредност. Дали сте повредени? Премногу. Но не ви е повредена душата, туку егото. Зарем тој/таа се осмелил да ве остави вас?! Сигурно е глупав, или нешто му фали. А не можете да останете ни пријатели, зашто никогаш тој/таа и не сте го сметале за пријател.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: По дваесетина години, кога ќе го поканите на премиера на ваша претстава, на промоција на ваша книга или на доделување на некоја важна награда. А таа покана ќе има само една порака – „Види колку далеку стигнав без тебе!”

Девица

Вие сте „екс“ кој тешко врти нова страница. Долго по разделбата сеуште ќе го барате вистинското значење на врската, ќе го анализирате секој ваш потег и збор, обидувајќи се да научите од грешките. Во еден момент ќе плачете, а во следниот – ќе му се заблагодарувате на универзумот што ве ослободил од таков идиот. Повторно ќе ги препрочитувајте пораките што ви ги испраќал/а, обидувајќи се да дознаете каде сигналот за предупредување не сте го виделе, сметајќи дека разбирањето може да ви помогне да ја затворите книгата. Ќе бидете долго во шок само заради реченицата „ништо не разбирам“ или прашањето „зошто?“.

Ситуација во која најверојатно ќе се сретнете со вашиот поранешен партнер: Веројатно ќе му испратите меил со документ  среден во „ексел“ во кој внимателно ќе бидат забележани вашите карактеристики кои би можеле да ги подобрите. И многу веројатно, таквиот меил нема да предизвика покана за кафе, од другата страна.

Вага

Вие сте „екс“ кој тешко простува, но штом прости останува пријател. Имате тенденција да го избегнувате конфликтот, па затоа и разделбите се потешки. Секогаш сте дипломатски расположени и барате потврда и од другите луѓе пред да се разделите. Разделбата секако ќе ја направите тивко, без драми, но длабоко во себе ќе патите. Ќе патите поради чувството дека сте загубиле најдобар пријател. Вагите тешко простуваат кога се оставени. Многу веројатно, по разделбата ќе слушате тажни песни, сакајќи да останете дома, сами и неспремни за дружења. И тоа ќе трае се додека не најдете нов пријател/пријателка со кој/а веднаш ќе посакате сериозна врска.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Додека не се „изладат“ болките од разделбата, нема да го сретнете вашиот „екс“ партнер. Но години подоцна, често ќе го гледате. Бидејќи „вие сте стари пријатели” и „не ми е гајле” што тој/таа сега живее со друг/а.

Шкорпија

Вие сте „екс“ кој може да го замрази бившиот партнер. Кога е во прашање вашиот знак, ѕвездите не знаат од каде да почнат. Шкорпија? За почеток, сите ваши поранешни партнери се плашат од вас. Знаете, нели? Подготвени сте да го оспорите и да го срамите вашиот екс партнер и за работи кои се случиле пред неколку години. Вашата мисија е, преку омаловажување, повторно да си го вратите, барем како љубовник. Ако некој од вашите „екс“ е доволно среќен да избега од вашите напади на гнев, тогаш го замрзувате и ги прекинувте сите комуникации. Засекогаш. Како никогаш да не постоел. За вас, разделбата е нешто многу емотивно и многу интензивно. И затоа сте подготвени на драми. Подготвени сте дури и да го довлечкате неговиот најдобар пријател во кревет за да го направите љубоморен. Со возраста ќе разберете дека понекогаш никој не е виновен, дека понекогаш не било добро да бидете заедно. И ќе продолжите со својот живот со многу повеќе спокојство.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Секако дека ќе го сретнете намерно, но подобро да не дојде до таа средба. Ќе се повредите и себе и него/неа.

Стрелец

Вие сте „екс“ кој потајно се надева на бесконечна врска. Вие сте духовити и интелигентни, и би било премногу лесно да останете пријатели со вашиот „екс“ откако ќе ја прекинете врската. Очигледно не ви пречи. Всушност, вие само велите дека „навистина сте пријатели”, но ако ви каже дека би сакал повторно да се обидете, веднаш ќе го ставите вашиот потпис на согласнот. Само, вие никогаш нема да го направите првиот чекор. Доволно сте тврдоглави за да не паднете во спиралата на повлекувањето. Но, не сте доволни силни за да ставите „крст“ на врската. По разделбата, веројатно ќе глумите пред вашите пријатели дека ништо не ви е, а длабоко во себе ќе знаете што ви е.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Речиси секојдневно го гледате на Фејсбук, а особено многу ве нервира кога се фотографира во друштво со привлечни луѓе. Додека сосема не го преболете, подобро е и воопшто да не го сретнете „во живо“. По подолго време, не е чудо и да го/ја побарате на телефон, да закажете кафе, ама сега со смирен тон во гласот.

Јарец

Вие сте ладен „екс“. Идејата да се биде повторно „сингл“ е возбудлива. Тоа е фантастична можност да се запознаете со нови луѓе и да најдете модел на „жешко / слатко / забавно“. Вашите пријатели мислат дека сте малку сурови, но таквиот ваш ладен однос, функционира. Лесно ќе се убедите дека вашиот „екс“не бил посебно решение, а секако дека ќе му/ја најдете и куп мани. Добро, малку боли, но на крајот знаете дека навистина можете да си најдете за себе посоодветна и подобра личност. А и веќе нема потреба да се преправате дека ви се допаѓа она што нему му се допаѓало. Прво што ќе направите по разделбата – ќе излезете во јавност со личност која сосема е физички спротивна од вашиот „екс“ партнер.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Ќе се сретнете на забава кај некој од заедничките пријатели, но ќе си заминете на средина на забавата, држејќи го ладниот однос.

Водолија

Вие сте „екс“ што не се врти никогаш назад. Најчесто навистина сте среќни што приказната е завршена, бидејќи повеќе не можевте да ја издржувате. Вие сте тип кој бара да си има свој простор и да остане со онаа/оној кој навистина го сакате, во спротивно ќе бидете нервозни. На крајот на краиштата, вашата моќ за разговор и вашата харизма го прават секој што е во ваша близина да се чувствува многу важен. По разделбата, веројатно веднаш ќе организирате некое возбудливо патување кое одамна сте сакале да го направите. Конечно, имате време за себе!

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Наоколу, случајно. Тој е очигледно засрамен, а вие не знаете зошто, додека не сфатите дека сте биле всушност со еден партнер кој всушност бил многу поемотивен и потопол отколку што се мислеле.

Риби

Вие сте нежен „екс“ партнер. Никогаш не сте себични и секогаш сте љубезни кон сите. Секако дека бевте нежни и кон вашиот екс партнер, а разделбата тешко ви паѓа. Потребна ви е осаменост, неопходно ви е да преболете. Дури и ако навистина не го сакавте, веднаш штом се разделивте ќе се запрашате дали тој не е ваша сродна душа, а можеби и ќе почнете да се каете. Не грижете се, не е! По разделбата, многу Риби ќе отворат свој блог или ќе се „фрлат“ на пишување поезија. Рибите неретко се склони и на пишувања писма, пораки и мејлови адресирани на своите бивши, и тоа не само на оние кои се актуелно „бивши“, туку и на оние кои се „бивши“ од пред многу години. По разделбата, ќе станете многу покреативни, се додека не ве зафати нова љубовна „треска“.

Ситуација во која најверојатно ќе го сретнете вашиот поранешен партнер: Не грижете се, тој ќе ве побара, еднаш. Ќе му недостига вашата нежност и посебност, но можеби за вас веќе ќе биде доцна.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....