2.8 C
Скопје
04:07 - 24 декември, 2024

Вашиот хороскоп за 24 декември: Генерално, емоционално сте мошне стабилни

Unsplash

Овен
Чувствата нема да бидат во преден план како работата или социјалниот живот, па ако сте сами, ќе ви биде тешко. Ќе бидете оптоварени со барањата кои се поставени пред вас и поради тоа ќе ги занемарите сите околу вас. Тоа нема да биде многу добро. Семејството ќе биде извор на поддршка ако вашите чувства правилно ги насочувате.

Бик
Ве очекува задоволство и пријатно изненадување во средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни. На деловно поле, изгледате расположени и имате добри идеи. Важно е да се чувствува психолошка или материјална сигурност. Ќе започнете редовно да тренирате и да се стремите кон фит изглед.

Близнаци
Ненадеен и неочекуван проблем може да ве погоди дома. Најверојатно станува збор за проблем со инсталации, телефонски или електрични апарати. Таквата ситуација може да ве исфрли од рамнотежа поради времето поминато дома и со сервисерите, но мора да се помирите со тоа. Сакате домаќинството да се врати во нормала.

Рак
Премногу комуникација би можела да биде многу нарушувачка денес. Можеби телефонот ќе ѕвони цело време или ќе се чувствувате како сите луѓе околу вас да зборуваат одеднаш. Целиот овој хаос може да ви предизвика главоболка ако не го доведете во некој ред. Оставете телефонот да за ѕвони, оддалечете се од компјутерот.

Лав
Ненадеен, но задолжителен трошок денес би можел да направи голема дупка во вашиот буџет. Можеби се работи за поправки во домот или на автомобилот. Можеби некој треба да оди на лекар, стоматолог, ништо сериозно. Сето ова може да ве исфрли од рамнотежа, но можете да се справите ако обрнете внимание на деталите.

Девица
Генерално, емоционално сте мошне стабилни. Но, денешните настани може да ве исфрлат малку од колосек. Не е ништо страшно, во прашање се ситници, како изгубени клучеви, испуштање на сè што ќе ви падне под рака и куп пропуштени повици, ќе ви одат на нерви. Забавете малку и останете фокусирани на важните работи.

Вага
Намалете некои други исходи и сè повторно ќе биде во рамнотежа. Излезете на свеж воздух. Потребни ви се малку мир и тишина. Тоа е единствениот начин да се помине денешниот ден. Можеби ќе ве збунат некои идеи кои се предуслови за она што го правите во моментов. Веројатно ќе напредувате многу побрзо отколку што сте мислеле.

Скорпија
Ваш роднина можно е да ве замоли за заем. Вие сте дарежлива личност и сакате да помогнете. Но, можеби ќе помине многу време пред роднината да може да ви го врати долгот. Ако сте подготвени да дадете позајмица, не заборавајте никогаш да не позајмувате на луѓе нешто што не сте подготвени да им го подарите. Со чиста душа.

Стрелец
На работното место, вратете се малку наназад и поминете низ некои лекции повторно и сè ќе има смисла повторно. Ако сте во можност, поминете ја вечерта со партнерот. Во љубовта ве очекува период исполнет со многу страсти. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи или деловни интереси.

Јарец
Недоразбирањето во врската со партнерот илустрира различности во мислењето, но сепак, секогаш постои начин да ги усогласите желбите и можностите. Вашата аналитичка природа станува и важен адут пред соработниците. Имате добра моќ за забележување и умеете да ги процените критериумите што влијаат на крајниот исход.

Водолија
Треба да донесете важна одлука, но прво мора да соберете уште информации. На работното место бидете повнимателни и не заборавајте да ги проверите сите ситници. Во љубовта немојте да брзате со одлуките и внимавајте на зборовите, особено ако периодов сте го заладиле односот со партнерот. Мора да вложите поголем напор.

Риби
Ако сакате да се расположите, престанете со планирање и конечно направете нешто во врска со личните цели. На работното место нема да ви биде страв да ризикувате, а со ова ќе оставите добар впечаток кај надредените. Ќе им помагате на другите преку хуманитарни активности или на оние кои имаат работно место поврзано со организирање.

Слични објави

Позната српска пејачка реши да преработи песни на Марина Туцаковиќ: Фута конечно откри што мисли за тоа

Еспресо

Позната состојбата на Милиќ Вукашиновиќ: На рокерот му беше ампутирана ногата, еве каде е сега и како се чувствува

Еспресо

(Фото) „Без филтери“: Јована Јеремиќ сподели необработена фотографија и покажа како навистина изгледа

Еспресо

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Еспресо

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо
Се вчитува....