Ретроградниот Меркур, прв во оваа година, кој е веќе во тек, ќе ни носи недоразбирања, кофликти, задоцнувања, одложувања и куп други проблеми се до 3 февруари!
Еве на што сите астролошки знаци трета да внимаваат кога се случува ретрограден Меркур.
Не почнувајте нови проекти и врски
Кога Меркур е ретрограден подобро е да не започнувате нови проекти ни на работа ниту во приватниот живот. Посветете се на завршување на започнатите работи, а со новите планови почнете после 3ти февруари. Не потпишувајте договори, не започнувајте нови работи, а никако не помислувајте на селидба. Врските кои почнуваат кога е во тек ретроградниот Меркур, не траат долго.
Проверете ги меиловите по два пати
Ретроградниот Меркур ја отежнува комуникацијата, па вашите зборови можат да се протолкуваат на различни и непријатни начини. Внимавајте како се изразувате, што сакате да кажете и да напишете, а секој имеил прочитајте го по два пати пред да го испратите. Посебно внимавајте и во комуникацијата со партнерот. Можеби сега не е вистински момент да зборувате за бракот, децата и слични важни одлуки.
Не планирајте патувања
Веруваме дека до сега зимскиот годишен одмор веќе го организиравте, зашто ретроградниот Меркур влијае и на патувањата. Ако тргнувате баш сега на одмор, двапати проверете ги резервациите за сместување, превозот, автобуските/авионски билети. Одложувања и доцнења се многу честа појава за време на траењето на овој феномен. И да, внимавајте на куферите. Често се случува во овој период да се изгубат.
Проверете го автомобилот
Вашиот лимен љубимец почна да испушта чудни звуци? Тоа не е чудно, Меркур е ретрограден. Автомобилот однесете го на проверка пред патување.
Не купувајте нови технолошки апарати
Купувањето на нов мобилен, компјутер или автомобил оставете го за подоцна, по 3ти февруари. Ретроградниот Меркур има големо влијание и во сферата на технологијата. Истовремено, немојте да се зачудите ако во овој период ви се расипе некој од апаратите за домаќинство.
РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР: На овие знаци бившите ќе им „излезат од нафталин“!