23:48 - 11 јули, 2026

Прекин со минатото: Три хороскопски знаци ги очекуваат драстични промени многу наскоро

Последната летна Млада Месечина ќе им го промени животот на неколку хороскопски знаци, и откако ќе расчистат со минатото, ќе се отвори период на среќа.

Утре, на 16 август ќе изгрее последната Млада Месечина за ова лето. Астро-експертите веруваат дека три дена пред овој настан и три дена по него, луѓето можат да сфатат дека нивниот живот се менува.

Сепак, нема да имаат сите среќа, туку само претставници на три знаци на Зодијакот.

Кој е на астро листата, прочитајте во продолжение.

Бик

Младата Месечина не се вика така напразно. Симболизира нов почеток, дури и целосно „ресетирање“. Бикот, според астролозите, особено акутно ќе го почувствува влијанието на августовската Млада Месечина.

Сè ќе биде поинаку во вашиот живот, ќе најдете нов извор на радост и среќа. Во ваша близина ќе се појават луѓе кои ќе ви станат големи пријатели. А оние кои ви биле блиски пред тоа може засекогаш да исчезнат, но тоа не треба да ве вознемирува. Истото важи и за она што ви се случува моментно во љубовниот живот доколку имате токсична врска – преку ноќ може да расчистите со партнерот/ката и да влезете во нова љубовна романса.

Стрелец

Последната летна Млада Месечина ќе му даде на Стрелецот многу ретка шанса. Во овој период ќе испливаат на површина сите замки кои ве спречувале да продолжите напред. Само вие ќе можете да ги заобиколите сите овие пречки, да ги извлечете вистинските заклучоци и да сфатите како да ги искористите за да стигнете до врвот, особено на деловно поле.

Не плашете се да донесувате одлуки, изгорете ги сите мостови кои ве водат кон минатото, а не кон иднината. Обидете се да се откажете од се што ви носело тага. И тогаш во вашиот живот ќе дојде вистинска среќа, нови можности кои ќе направи да скокате од радост!

Риби

Младата Месечина, која ќе изгрее во знакот Лав, на Рибите ќе им донесе период на противречности. Од една страна, ќе имате многу среќа во љубовта, но можете да сфатите дека навистина сакате да го промените вашиот живот. И ова ќе биде одличен период тоа да го остварите без мака!

Ве очекува неверојатен период кој ќе донесе многу среќни моменти и пријатни емоции, само треба да почнете да верувате во чуда – за вас тие навистина ќе се случуваат и на деловно и на емотивно поле.

Три хороскопски знаци за кои втората половина на август ќе биде одличен период

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....