15.8 C
Скопје
11:59 - 5 ноември, 2024

Новогодишни одлуки за успех за секој хороскопски знак: Простување за Бикот, откривање на тајна за Шкорпијата, трпение за Овенот…

Се ближи 31 декември, а многумина се повеќе се прашуваат што да си ветат за следната година. И тоа, секако, да го остварат.

Претставниците на секој хороскопски знак добија од ѕвездите клучна новогодишна одлука до која треба да се држат за да постигнат успех во наредната 2024 година.

Листата на ветувања ја објави Њујорк пост.

Овен – трпение
Овенот, како прв огнен знак на Зодијакот, во текот на следната година треба подобро да ги разбере сопствените желби. Би било мудро да ја играте играта на животот што подолго, а не да барате веднаш да заврши. На крајот на краиштата патувањето до целта е често многу поубаво од пристигнувањето на целта. Бавното согорување ќе ја задржи топлината подолго од брзото согорување. Затоа, ѕвездите ве советуваат да научите трпение.

Бик – простете му на непријателот
Простете ѝ на едната личност чие име ја опсипува вашата градина со негодувања. Не мора тоа да го правите јавно, па дури и да му кажете дека сте му простиле на вашиот непријател. Само размислете за непријателите, за штетата што ја предизвикале во вашиот живот и простете им! И решително одлучете да престанете во вашите фантазии да го казнувате непријателот, туку спокојно посакајте му да си оди со радост по неговиот пат.

Близнаци – почесто оставете го телефонот дома
Близнаците се предвидувачки гласник на Зодијакот. Поврзувајќи ги световите и луѓето, дајте му можност на вашиот прекрасен ум да ја направи својата магија и да ги надополни своите резерви оставајќи го вашиот телефон дома барем еден ден во неделата! Прошетајте безцелно или без план и бидете изненадени од она што ви го полни умот и ви доаѓа без претходно сценарио, туку спонтано, испратено од Универзумот. Ќе станете сосема нова личност.

Рак – не размислувајте за најлошото
Раковите ја поткопуваат сопствената моќ кога не веруваат дека најдоброто сценарио не само што е можно, туку е и многу веројатно. Важно е да запомните дека вие сте капетани на вашиот живот и господари на вашиот ум. Конечно, во 2024 година почнете да размислувате позитивно и се најдобро за вас, тоа и ќе се случи!

Лав – бидете учител
Лавовите имаат репутација да се однесуваат како Сонцето, кое има моќ над сите живи суштества – да ги стопли и да ги осветли. Тешко е да се најде друг знак поспособен да ги убеди другите во нивните способности од Лавот. Исто така, тешко е да се замисли послатка победа од подемот на друга личност – затоа бидете учител на другите, дајте им знаење и помош на оние на кои им треба и следната година славете ги нивните победи!

Девица – грижете се за вашиот храм
Не мора да работите за да заработите љубов, вашата вредност не е поврзана со она што можете да го дадете. Со тоа што сте решени да се грижите за другите, ја губите одговорноста кон себе. Оваа година, наместо да се трудите, инспирирајте ги другите; наместо да се жртвувате, водете ги другите! Животот што го живеете нека стане еден вид компас за вашата благосостојба, главен олтар на вашите напори. Така ќе станете исполнети и среќни. И сите околу вас ќе ги направите со таквиот став среќни.

Вага – ослободете го вашето „животно“
Нема поцивилизиран знак од Вагата. Носител на убавината и избегнувач на ужасот, Вагата носи благородност во овој суров свет. А сепак, потиснувањето на вашата животинска природа и совладувањето на таа животинска природа не е иста работа. Рамнотежата не е отсуство на конфликт, туку негово решавање. Се плашите од последиците на суровите вистини и суровите емоции, плашејќи се дека нивното ослободување би значело губење контрола. Но, ако понекогаш не си дозволите „грда катарза“, никогаш нема да знаете за вистинско ослободување или апсолутно прифаќање.

Скорпија – откријте ја тајната
Скорпијата е знак на крајности, способна да застане во темнината и да погледне во сенките на човечкото срце. Но дали сте погледнале во темнината на вашето срце? Тоа треба да го направите оваа година. Навратете се наназад и стигнете во мислите до детството, копајте во себе и откријте ги темните скриени тајни, срамот што сте го доживеале. Кога ќе ги освестите во себе, животот ќе ви стане светлина.

Стрелец – биди дипломат, а не диктатор
Стрелците ја кажуваат вистината и размислуваат премногу, но честопати нивната возвишена порака се губи во нетактичен говор. Треба да се изразите појасно, а сепак да внесете поголема благост кога нешто објаснувате и ќе добиете многу поголема приемчивост.

Јарец – почитувајте го вашиот одмор
Јарецот вложува максимални напори во обидот да заработи пари, да се искачи на планини и да си докаже дека е незаменлив. Но, одморот не е само награда, тој е, всушност, најважниот дел од процесот на создавање, вознесение, живеење, обновување…Земете си одмор оваа година барем три пати во годината и уживајте во животот.

Водолија – направете план
Водолијата е воздушен знак кој копнее за осаменост, но владее и со 11-тата куќа на заедницата. Ова често резултира со тоа што тие се чувствуваат сами во толпата. Зароа ѕвездите советуваат во следната година да правите барем еден личен план неделно.

Риби – почесто кажувајте „не“
За Рибите е важно да го дефинираат и заштитат својот идентитет. Немојте да бидете под влијание, не се согласувајте на сè одеднаш, вежбајте да кажете „не“ барем еднаш дневно. И животот волшебно ќе ви се смени.

Очекувајте полетување: Три хороскопски знаци ќе имаат голема среќа на почетокот на 2024 година

Слични објави

(Видео) Објавено првото видео од повикот на Диди во затвор: Децата му го честитаа роденденот

Еспресо

(Фото) Деми Мур откри за кого гласала во Америка, Северина се јави, еве што ѝ напиша

Еспресо

Цеца брутално искрена за затворските денови: „Ми смрзнаа коските во ќелијата, не јадев со денови“

Еспресо

Хороскоп за 5 ноември: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо
Се вчитува....