13.8 C
Скопје
14:07 - 17 март, 2026

НАЈПАМЕТНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Дали имате емоционална интелигенција, или победувате поради силата на умот?

Дали би сакале да знаете кој е најнадарениот знак во целиот Зодијак? Оној со најмногу ментални способности кој секогаш го добива она што го сака? Тогаш продолжете да ја читате нашата статија. Ви ги откриваме најпаметните хороскопски знаци!

Емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е способност да ги разбереме емоциите и на другите и на самите себе и да покажеме емпатија еден кон друг. Тоа е многу важен животен дар, бидејќи ни ги олеснува односите со луѓето и нè прави отворени за дијалог.

Во оваа смисла, најинтелигентни знаци се дефинитивно Вага, Риби и Рак.

Тие се најчувствителните, најемотивните и најинтуитивните знаци во Зодијакот: секогаш знаат дали нешто не е во ред и можат да се сложуваат речиси со сите.

Единствениот недостаток на овие личности е тоа што понекогаш малку повеќе ги обзема болката на другите и, особено во љубовта, не се во состојба да ги следат само своите чувства, туку ги „впиваат“ и чувствата на партнерот/партнерката.

Хороскопски знаци со големи аналитички способности

Аналитичката интелигенција е она што можеби најмногу го цениме кај луѓето. Знаците кои се препознатливи по аналитичноста би можеле без проблеми да се пробијат во деловниот свет, секако доколку сакаат и, всушност, честопати достигнуваат важни професионални позиции.

Според хороскопот и астрологијата, најинтелигентните знаци на ова поле се земјените знаци: Девицата, Јарецот и Бикот, тие се господари на бројките и на сите практични аспекти во животот. Кој е роден во овие три знаци е логичен, рационален, стабилен, а предодредени се за големи успеси во науката и медицината.

Единствената мана? Често личат на роботи… Дури и кога се вљубени! Јарците, Девицата и Бикот не ги сакаат типичните возбудувања на воздушните знаци (особено предизвиците на Близнаците) и едноставно не можат да прават компромиси ниту во љубовниот ниту во професионалниот живот. На пример, за Бикот, нема полош партнер/ка од Близнакот. Девицата, пак, најдобро изразување го наоѓа во истражувачките активности бидејќи се истакнува во анализата на секоја ситница.

Кога земјените знаци ќе успеат да се ослободат од самонаметнатиот кафез на ригидност, тие можат да живеат помирен и позадоволувачки живот.

Најдружељубиви и најенергични знаци на Зодијакот

Во хороскопот на Лавот, Овенот и Стрелецот се истакнува екстровертноста и големата склоност кон креативна работа. Тоа се знаци обдарени со силна енергија и благодарение на тоа што стануваат главни протагонисти во различни ситуации, можат да се наметнат дури и во професионалниот живот.

Лавот, Овенот и Стрелецот би можеле да станат одлични актери или пејачи бидејќи буквално им го крадат шоуто на сите други претставници на Зодијакот.

Оној кој е роден под влијание на огнените знаци е поттикнат секогаш да го дава максимумот од себе: Лавот, Овенот и Стрелецот по секоја цена сакаат да се истакнат на кое било поле.

Тие се толку харизматични што, сепак, понекогаш се себични и дрски, особено во очите на почувствителните знаци како што се Рак, Близнаци, Вага и Риба. Како партнери тие се доверливи, но имаат тенденција да го совладаат другиот, всушност тие се подготвени да направат се за да го постигнат успехот што веруваат дека го заслужуваат!

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....