00:47 - 2 февруари, 2026

Најдобрите љубовни парови меѓу хороскопските знаци

Некои хороскопски парови функционираат подобро од другите, а врските помеѓу овие знаци обично се најдобри:

Овен и Водолија

Врската меѓу овие два авантуристички знаци никогаш не е досадна зашто тие се спремни на сѐ во и надвор од спалната соба. Уживаат во испробување нови работи и секогаш кога се заедно убаво си поминуваат. Додека на другите парови по некое време им треба одмор еден од друг, овие најмногу уживаат кога се заедно, притоа не занемарувајќи ги другите луѓе што им се важни.

Бик и Рак

Овие два хороскопски знаци добро функционираат заедно зашто се поврзани физички и емоционално. Тие одлично се разбираат, што го помага развојот на нивната врска, и знаат да го ценат она што другиот го прави за нив. Бик и Рак се моќен пар затоа што одлично се надополнуваат еден со друг.

Близнаци и Водолија

Близнаците и Водолиите имаат силна емотивна врска поради што се чувствуваат како да се познаваат со години, дури и кога се знаат само еден месец или една недела. Нив меѓусебно ги поврзува креативноста и едниот претставува инспирација за другиот. Иако уживаат кога се заедно, тие многу ја ценат нивната независност и сфаќаат колку е важно времето за себе.

Рак и Риби

Рак и Риби се два знака кои одлично функционираат заедно, зашто имаат огромна космичка врска. Тие се особено независни, што ги прави способни да изградат цврста врска што може да трае. Имаат компатибилни индивидуални особини – Рибите се трудат да ги одржат врските со другите, додека Ракот повеќе им е посветен на најблиските.

Лав и Стрелец

Страста меѓу Лавот и Стрелецот е огромна зашто и двата знаци уживаат во животот и сакаат кога и другите се чувствуваат убаво. Знаат што сакаат од животот и ги охрабруваат другите да ги остварат нивните соништа. Двата се огнени знаци и поради тоа одлично се разбираат, што е многу важно за одржување на врската. Ова е многу забавен хороскопски пар, како во врската, така и за околината. Страста што тие ја чувствуваат за животот, љубовта и еден за друг се пренесува на сѐ што ги опкружува.

Девица и Бик

И двата се земјени знаци, едноставни и практични во секојдневниот живот, а нивниот однос е смирен и сталожен. Тие се многу искрени и нивната врска се заснова на меѓусебна доверба. Во целиот Зодијак нема други знаци кои се повеќе посветени еден на друг како што се Девицата и Бикот. Тие не само што имаат интегритет, туку имаат и исти карактеристики и вредности и тоа им овозможува целосно да се разберат еден со друг.

Јарец и Бик

Постои причина зошто хемијата меѓу овие два знаци е посилна отколку кај кој било друг зодијачки пар. Јарецот и Бикот имаат нешто за што секој сонува, знаат да се ценат еден со друг и бескрајно се обожаваат. Љубовта меѓу нив најчесто трае цел живот и секогаш е со постојан интензитет.

Слични објави

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо
Се вчитува....